Петро Порошенко инициjатор на блокадата на Крим

Претседателот на Украина Петро Порошенко го иницираше прекинот на товарниот сообраќај меѓу Украина и Крим.

Во понеделникот владата на Украина времено го забрани товарниот транспорт на административната граница меѓу Украина и Крим. Ваквата одлука била донесена по иницијатива на претседателот на Украина Петро Порошенко кој во своето обраќање до премиерот Арсениј Јацењук пишува: „Една од приоритетните задачи на органите на државната власт денеска е дефинирањето на понатамошните односи на Украина со времено окупираната територија на АР Крим“. Претседателот се повикува на „општествените активисти“, кои „бараат во целост да се прекинат трговските односи“ со Крим. „Во последно време суштински се заостри судирот меѓу невладините активисти и окупациските власти на Крим. Поднесен се низа кривични пријави против иницијаторите на трговската блокада на Крим“, прецизира претседателот Порошенко.

Украинското парламентарно мнозинство ја одобри инцијативата, и како што изјавија за „Комерсант“, Порошенко така реагирал на блокадата на транспортниот сообраќај со Крим од страна на активистите, рушењето на далноводите и на барањата на митингот што се одржа пред неговата администрација на 21 ноември. „Петро Порошенко вети дека ќе се обрати до владата со барање да донесе одлука за трговска блокада на Крим, и тој го стори тоа“, истакна соговорникот на „Комерсант“ во украинското парламентарно мнозинство.

Истовремено од „Опозицискиот блок“ велат дека „Петро Порошенко дозволи да биде управуван од десните радикали, кои го принудуваат на остри изјави и чекори“.

Според информациите на Министерството за енергетика на РФ, во понеделникот во 13:00 часот по московско време, без електрична енергија на Крим биле 1 милион и 615 илјади луѓе. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња