Путин и Оланд се договорија за координација на дејствијата во борбата со ИД

Договорени се потесни контакти и координација на дејствијата меѓу министерствата за одбрана и безбедносните служби на двете земји во текот на операциите против терористичките структури во Сирија.

Претседателите на Русија и на Франција, Владимир Путин и Франсоа Оланд, се договорија да обезбедат координација на дејствијата меѓу министерствата за одбрана и безбедносните служби во борбата против терористите од ИД, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува РИА „Новости“.  

Лидерите на двете земји се договорија во текот на телефонскиот разговор што се одржа по иницијатива на француската страна.

„Лидерите му посветија особено внимание на зголемувањето на билатералната и мултилатералната соработка во борбата против меѓународниот тероризам. Договорено е, на пример, да се обезбедат потесни контакти и координација на дејствијата меѓу министерствата за одбрана и безбедносните служби на двете земји во текот на операциите против терористичките структури што ги спроведуваат Русија и Франција во Сирија“, се вели во соопштението.

Лидерите се договорија да се сретнат на 26 ноември.

Претходно Владимир Путин наложи да се разработи план за заеднички дејствија со француската морнарица во Сирија како на море, така и во воздух и да соработуваат со француските колеги како со сојузници.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња