Медведев: Забраната за летови кон Египет ќе трае долго

Потребно е да се обезбеди безбедност за одмор во Египет и да се воспостави заедничка работа на Каиро и Москва, што ќе бара време, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев.

Процесот на враќање на руски туристи во Египет нема да биде краток, потребно е време за да се обезбеди безбедност, а во таа насока треба да работат заеднички владите на двете земји, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев, пренесува РИА „Новости“.

„Прашањето е сложено, сите тие процеси треба да се држат под контрола, поради тоа и е формиран штаб. Не треба да се предаваме на илузии, тоа нема да биде краток период. И според сите веројатности, покрај враќањето на нашите граѓани, за да се обезбеди безбедност за одмор во Египет, ќе треба време, тоа е заедничка работа на египетските власти и нашите власти, на компетентните структури кои се занимаваат со тоа. Во секој случај, доколку нешто притреба, ние ќе донесеме оперативни одлуки“, изјави Медведев на состанокот со вицепремиерите.

Летовите на руските авиони за Египет беа запрени на 6 ноември до разјаснување на причините за падот на рускиот авион А321 на Синајскиот полуостров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња