Лавров: „Минската спогодба“ ќе биде имплементирана во 2016 година

Самиот факт дека е потребно да се донесе прифатлив украински закон за локалните избори во Донбас укажува на тоа дека реализацијата на „Минската спогодба“ ќе биде пренесена за догодина“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Министрите за надворешни работи на „Нормандиската четворка“ не се сомневаат дека „Минската спогодба“ за решавање на ситуацијата во Украина ќе биде на сила сѐ додека во целост не биде имплементирана, што веројатно ќе се пренесе за догодина, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, а пренесува РИА „Новости”.

„Никој не се сомнева дека „Минската спогодба“ ќе биде на сила сѐ додека не биде во целост имплементирана“, изјави Лавров за новинарите по средбата на министрите од „Нормандискиот формат“.

Споре неговите зборови, „самиот факт, како што е потребата од донесување прифатлив украински закон за локалните избори во Донбас, кажува дека по усвојувањето на овој закон ќе бидат потребни 90 дена за подготовка на изборите. Едноставна споредба на овие бројки покажува дека нема да можеме да го реализираме тоа до крајот на годината и дека имплементацијата на „Минск“ се префрла за догодина“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња