Разбирливо е што магазинот „Форбс” му го додели признанието „Личност на годината“ на рускиот претседател Владимир Путин, затоа што активноста на рускиот лидер на светската сцена во овој момент е „во голема брзина“, изјави портпаролот на претседателот РФ Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости”.
„Тој (Путин) и самиот повеќепати го повтори својот став за ранг-листата: Ако ги следите ранг-листите, нема да имате време, ниту можност да се занимавате со реална работа... Меѓутоа, дефинитивно сега на светската сцена активноста на претседателот е, така да кажам, во голема брзина. Тоа го бараат регионалните и меѓународните ситуации. Во овој случај, тоа е сосем јасно“, изјави Песков пред новинарите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче