Трета година по ред магазинот „Форбс“ го прогласува рускиот претседател Владимир Путин за највлијателен човек на светот, пренесува „Лента.ру“.
Второто место на листата највлијателни луѓе е германската канцеларка Ангела Меркел, додека третото е за американскиот претседател Барак Обама.
На списокот следуваат папата Франциск, кинескиот претседател Си Ѓинпин, основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, претседателката на Федералните резерви на САД Џенет Јелен, британскиот премиер Дејвид Камерон и премиерот на Индија Нарендра Моди и Лари Пејџ, еден од основачите на „Гугл“.
Магазинот истакнува дека и покрај санкциите против Русија поради Крим и конфликтот на истокот на Украина, падот на рубљата и рецесијата на руската економија, 89% од руските граѓани го поддржува својот претседател.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче