Песков: Москва предупредуваше за опасноста од засилување на НАТО на границите на РФ

Командата на НАТО разгледува проширување на военото присуство на границите со Русија и планира да распореди до четири илјади војници во Полска и Балтикот.

Москва веќе предупредуваше за непожелноста и опасноста од можно зголемување на бројот на НАТО војници на границите со Русија, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.

„Тоа е истото она доближување на НАТО и неговата воена инфраструктура до нашите граници. Тоа не е нова појава, тоа се појави, за чија непожелност и опасност, од гледна точка на последиците, ние одамна зборуваме“, изјави Песков за новинарите.

Во средата весникот „Вол Стрит Џурнал“  повикувајќи се на дипломатски и воени извори напиша дека командата на НАТО разгледува уште едно проширување на военото присуство на границите со РФ со распоредување од една до четири илјади војници.

Едната варијанта на плановите предвидува НАТО да распореди по еден баталјон со бројност од 800 до 1000 војници во Полска, Естонија, Латвија и Литванија. Според друга варијанта, се планира дислокација на еден баталјон во целиот регион. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња