Црна Гора повторно ја обвинува Русија

Властите на Црна Гора повторно изјавија дека Русија има врска со нередите во Подгорица.

Властите на Црна Гора повторно изјавија дека Русија има врска со нередите во Подгорица, пишува во изјавата  објавена на сајтот на владата на републиката, пренесува „Лента.ру“.

Црногорската влада го критикуваше коментарот на одделот за информирање и печат на МНР Русија. Во изјавата е наведено дека  со загриженоста од прекумерната употреба на сила против „мирните демонстранти“ Москва премолчала дека „тие „мирни демонстранти“ фрлале „Молотови коктели“ врз полицијата во обид насилно да се пробијат во зградата на парламентот и да извршат државен преврат“.

Од Подгорица потсетуваат дека за тоа информирале многубројни светски медиуми.  И тоа што во изјавата на руското МНР не било кажано ништо за таквите активности на демонстрантите „само ја потврдува изјавата на премиерот Мило Ѓукановиќ за вмешаноста на Русија во борбата со антинатовските протести во Подгорица“, заклучува владата на Црна Гора.  

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња