Меркел: Нема предвремено укинување на санкциите против РФ

Украина треба да има добри економски односи и со ЕУ, и со Русија, изјави канцеларката на Германија Ангела Меркел.

Важноста на санкциите против Русија непосредно зависи од реализацијата на „Минската спогодба“, изјави канцеларката на Германија Ангела Меркел. 

„Ако реализацијата на „Минската спогодба“ трае подолго, тогаш и санкциите во иднина ќе ги разгледуваме во врска со „Минската спогодба“, изјави Меркел за новинарите во петокот, пренесува РИА „Новости“. 

Меркел е убедена дека на Украина ѝ се потребни цврсти економски врски како со Европската унија, така и со Русија. Таа исто така потсети на официјалната позиција на Германија, според која договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Украина „не беше насочен и не е насочен против Русија“. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња