Турција почна со директна испорака на производи за Крим

Турција почна со испорака на прехранбени продукти на Крим.

Турција, која не им се приклучи на антируските санкции, почна по морски пат да испорачува на Крим свежо и суво овошје, соопшти регионалната управа на Федералната ветеринарска и фитосанитарна инспекција на РФ.

Од 1 до 19 октомври во пристаништата во Севастопол и Евпаторија увезено е преку 385 тони турско свежо и преку 20 тони суво овошје, пренесува „Взгљад”.

На почетокот на октомври исто така беше соопштено дека во моментот преку 20 инвестициски проекти на турскиот бизнис се наоѓаат во фаза на договор со властите на Крим. Главните сфери за соработка се поморскиот сообраќај (траекти), телекомуникациите и градежништвото.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња