Столтенберг: Русија повеќе ја бомбардира сириската опозиција отколку ИД

НАТО и Анкара заеднички ќе оценат дали на Турција ѝ е потребна дополнителна помош поради ситуацијата во Сирија, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во четвртокот повторно изјави дека нападите на Вооружените сили на Русија се во најголем дела насочени против сириската опозиција, а не против „Исламската држава“, пренесува РИА „Новости“.

„Ме загрижува фактот дека Русите не нанесуваат толку удари врз ИД колку што нанесуваат врз другите опозициски групи и го поддржуваат режимот. Апелирам до Русија да биде конструктивна и да соработува во борбата против ИД, да не го поддржува режимот на Асад, изјави Столтенберг за новинарите пред почетокот на состанокот на министрите за одбрана на земјите на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО исто така изрази загриженост по повод вчерашниот напад со крстосувачки ракети и рече дека Алијансата ќе ги брани своите сојузници, вклучувајќи ја и Турција.

„НАТО е во состојба е подготвен да ги одбрани своите сојузници, вклучително и Турција, од секаква закана“, изјави Столтенберг.  

Тој додаде дека НАТО и Анкара заеднички ќе оценат дали на Турција ѝ е потребна дополнителна помош поради ситуацијата во Сирија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња