МНР Сирија: Русија за неколку дена ѝ нанесе поголема штета на ИД отколку Западот за цела година

Нападите од воздух на Воздушно-космичките сили на Русија во Сирија за неколку дена им нанесоа посериозна штета на терористичките групи отколку меѓународната коалиција предводена од САД за една година, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Сирија Фејсал Микдад во интервју за сириската државна телевизија.

„Воздушните напади на Русија постигнаа во текот на неколкуте дена многу високи резултати кои многукратно ги надминаа резултатите на коалицијата постигнати за повеќе од година дена“, изјави Микдад, пренесува „Взгљад“.

Генералштабот на Сирија соопшти дека руските воздушни напади ги поткопале борбените капацитети на „Исламската Држава“ и другите терористи.

Во средата министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу му поднесе извештај на претседателот Владимир Путин за успешното лансирање на руските крстосувачки ракети врз позициите на терористите во Сирија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња