МНР Турција објави во петокот соопштение во кое се вели дека Франција, Германија, Катар, Саудиска Арабија, Турција, Велика Британија и САД се вознемирени поради активностите на Русија во Сирија.
„Ја изразуваме нашата длабока загриженост во врска со руското воено зајакнување во Сирија и особено со нападите на руското Воено воздухопловство на Хама, Хомс и од вчерашниот ден Идлиб, кои доведоа до жртви меѓу цивилното население и не беа насочени против „Исламската држава“, се вели во документот.
„Овие воени дејствија претставуваат понатамошна ескалација и ќе придонесат само за поголем екстремизам и радикализација. Ја повикуваме Руската Федерација веднаш да ги прекине своите напади врз сириската опозиција и цивилното население и да ги сосредоточи своите сили на борбата против ИД“, се вели во соопштението.
Претставникот на Белата куќа Џеј Карни претходно изјави дека Русија може да се судри со негативни дипломатски последици доколку не нанесува удари врз екстремистите во Сирија.
„Веќе ги видовме изјавите за загриженоста на членките на коалицијата предводена од САД против ИД. Изјавите на Турција, Јордан, други регионални лидери. Исто така имаше слични изјави од разни страни на светот“, изјави тој на брифингот за новинарите.
Според мислењето на Карни, таквите постапки на руската страна се способни „дополнително да ја изолираат Русија“, пренесува „Интерфакс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче