Раководството на Сирија има целосна доверба во односот на Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин Сириската Арапска Република, изјави во средата министерот за надворешни работи на оваа земја Валид Муалем.
„Без сомнение, ние имаме целосна доверба во ставовите на Русија и претседателот на Русија Владимир Путин, кој ги објасни своите намери што се однесува до борбата против тероризмот“, изјави сирискиот министер за RТ Arabic, а пренесува РИА „Новости”.
Шефот на сириската дипломатија додаде дека нема ни најмалку доверба во САД и нивната коалиција која, според неговите зборови, без резултат изврши 9 илјади воздушни напади врз Сирија и Ирак.
Претходно амбасадорот на Сирија во Москва Риад Хадад изјави дека коалицијата на САД и нивните сојузници не постигнала никакви резултати.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче