Кери: САД го преиспитуваат својот став спрема Асад благодарение на Русија

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека САД веќе не повикуваат на итна оставка на сирискиот претседател Башар Асад, туку инсистираат на постепена транзиција на власта во Сирија.

САД го преиспитуваат својот став спрема Башар Асад, изјави американскиот државен секретар Џон Кери, додавајќи дека тоа не би се случило без Русија. Како што изјави тој во интервју за „Си-Ен-ЕН“ што го пренесува „Взгљад” , САД инсистираат на постепена транзиција на власта во Сирија и повеќе не повикуваат на итна оставка на претседателот Асад,

Вашингтон сега со заснова својот став на фактот дека процесот на промена на власта во Сирија мора да биде „уреден и под контрола“, а за тоа време не смее да настане „вакуум или експлозија” кои би ја лишиле Сирија од „социјалниот живот”.

Освен тоа, Кери зборуваше за улогата на Русија во ова прашање. Според него, благодарение на инцијативата на Москва се отвораат нови можности за решавање на ситуацијата во Сирија. Тој изрази несогласување со фактот дека предлозите и акциите на рускиот претседател Путин ги „ставиле САД во ќош”.

„Апсолутно не можам да се согласам со тоа. Не гледам на кој начин би можело тоа да нѐ стави во ќош. Всушност, мислам дека сега се појавија повеќе можности... Ова е можност за нас да го поставиме прашањето како навистина може да се реши проблемот со Сирија“, рече шефот на американската дипломатија.   

Меѓутоа, „тоа во голема мера му го усложнува животот на самиот Путин“. „Доколку тој застане на страната на сирискиот претседател Асад, Иран и Хезболах, ќе има сериозни проблеми со сунитските држави во регионот. Тоа значи дека може да стане цел на сунитските муџахедини“, додаде Кери. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња