Порошенко: Блокадата на Крим се врши за негово враќање во составот на Украина

Претседателот на Украина Петро Порошенко е уверен дека активистите кои не ги пуштаат камионите со прехранбени продукти во Крим придонесуваат жителите на полуостровот да посакаат повторно да се обединат со Украина.

Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека целта на акцијата на активистите со блокадата на Крим е најбрзо враќање на државниот суверенитет на Украина над полуостровот, пренесува УНН.

Петро Порошенко во Лавов ги коментираше активностите на активистите кои ги затворија патиштата во близина на пограничните премини со Крим и не ги пропуштаат камионите со прехранбени производи да преминат на територијата на полуостровот. Тој смета дека со помош на блокадата, жителите на Крим ќе го сменат својот однос спрема Украина и ќе се вратат „под закрила“ на Киев.

Според зборовите на Порошенко, украинските граничари и МВР добиле наредба да го обезбедуваат редот и мирот и да спречат провокации при спроведувањето на акцијата.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња