Путин му додели руско државјанство на американскиот боксер Рој Џонс Јуниор

Претседателот на Русија Владимир Путин му додели руско државјанство на американскиот боксер Рој Џонс, пренесува „Взгљад”.

Претседателот на Русија Владимир Путин му додели руско државјанство на американскиот боксер Рој Џонс, пренесува „Взгљад”.

„Да се исполни барањето за државјанство на Руската Федерација од Рој Џонс Јуниор, роден на 16 јануари 1969 година во Соединетите Американски Држави“, се наведува во текстот на указот објавен на сајтот на Кремљ.

Рој Џонс Јуниор кон крајот на 2013 година изјави дека сака да добие руски пасош. Претседателот на Русија Владимир Путин на 19 август во Севастопол разговараше со американскиот боксер и, помеѓу другото, му вети руско државјанство на спортистот доколку тој помине долго време во Русија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња