Познатиот боксер Рој Џонс го замоли претседателот Путин да му даде руско државјанство

На 19 август американскиот боксер Рој Џонс во текот на средбата со Владимир Путин на Крим 19 соопшти за намерата да побара руско државјанство.

На 19 август американскиот боксер Рој Џонс во текот на средбата со Владимир Путин на Крим 19 соопшти за намерата да побара руско државјанство. Според зборовите на 46-годишниот Џонс, кој беше шампион на светот во бокс во верзиите ИБФ и ВБА во различни катеегории – од средна до тешка, пасошот на Руската феерација му е потребен за водење бизнис.

Путин, од своја страна, вети дека ќе му ја исполни молбата на Џонс. Покрај тоа, тој изрази надеж дека таквата постапка на Американецот, кој до ден-денес успешно настапува во рингот, ќе помогне за подобрување на односите меѓу Русија и САД.

На Крим спортистот пристигна за да учествува во боксерското шоу „Битката кај планината Госфорт“ кое ќе се одржи на 23 август. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња