Медиуми: Обама бил незадоволен од обидот да се блокираат летовите на руските авиони за Сирија

Претседателот на САД Барак Обама бил незадоволен од иницијативата на Стејт департментот за спречување на прелетите на руските транспортни авиони за Сирија преку воздушните простори на Бугарија и Грција.

Стејт департментот на САД, по сопствена иницијатива, без да се координира со претседателот Барак Обама, се обидувал да го спречи прелетот на руските транспортни авиони за Сирија преку воздушните простори на Бугарија и Грција.

Кода Обама дознал за нивните обиди, тој „бил незадоволен“ што таквите обиди биле преземени без претходна координација меѓу институциите, пренесува ТАСС повикувајќи се на агенцијата „Блумберг“.

Според информациите на агенцијата, веќе е започнат процесот на таквата координација и во четвртокот Совет за национална безбедност во Белата куќа требаше да одржи состанок на ниво на заменици-раководители на безбедносните агенции (таканаречениот „Комитет на заменици“).

Колку што е познато, засега нема согласност меѓу американските функционери: едните се подготвени „да се обидат со конфронтација со Русија во Сирија“, а другите, вклучително и „некои во Белата куќа“, „се залагаат за соработка со Русија во борбата против борците на „Исламската држава“.

Според информациите, Обама им наложил на своите советници за национална безбедност да изнајдат „консензус“ и да предложат „план за дејство за понатамошен напредок што поскоро – можно е, веќе следната недела“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња