Кери загрижен од вестите за учество на Русија во воени операции во Сирија

Државниот секретар на САД Џон Кери во телефонскиот разговор со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров искажа загриженост по повод вестите на медиумите дека е зголемено военото присуство на Русија во Сирија, соопшти прес-службата на Стејт-департментот,

Државниот секретар на САД Џон Кери во телефонскиот разговор со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров искажа загриженост по повод вестите на медиумите за зголемено военото присуство на Русија во Сирија, соопшти прес-службата на Стејт-департментот, пренесува „Взгљад”

Шефот на американската дипломатија го повика својот руски колега „за да ја разгледаат ситуацијата во Сирија, вклучувајќи ја загриженоста на САД по повод соопштенијата“ во кои се наведуваат докази за „непосредниот пораст на руското воено присуство таму“.

Кери изјави дека „доколку соопштенијата се точни, таквите акции можат да доведат до ескалација на конфликтот“ во Сирија, „страдање на голем број од цивилното население, зголемување на приливот на бегалци и ризикот за спротивставување на коалицијата која дејствува против „Исламската држава“. Лавров и Кери се договорија да ја продолжат расправата за Сирија во Њујорк во рамките на 70 заседание на Генералното собрание на ООН.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња