Забранет влез во Украина за Никита Михалков

Службата за безбедност на Украина воведе забрана за влез на своја територија за 16 претставници на културата и медиумите од Русија.

Службата за безбедност на Украина воведе забрана за влез на своја територија за 16 претставници на културата и медиумите од Русија, меѓу другото, и за режисерот Никита Михалков, писателите Владимир Кучеренко и Егор Холмогоров, како и за економистот Михаил Хазина, пренесува „Взгљад”.

Освен тоа, на „црната листа” се најдоа и познатите руски пејачи Олег Газманов, Јосиф Кобзон, Валерија Перфилова, но и актерите Сергеј Безруков, Михаил Бојарски и други.

„Влезот на територијата на Украина го забрани Службата за безбедност во склад со важечкото законодавство, во интерес на обезбедување на државната безбедност“, се наведува во соопштението на безбедносната служба.  

Државниот комитет за телевизиско и радио емитување на Украина на 11 август состави список со книги на руски автори кои се забранети на територијата на земјата, соопшти тогаш прес-службата на управата на Државната фискална служба на Украина.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња