Киев состави „црна листа“ на руски книги во Украина

Државниот комитет за телевизиска и радио дифузија на Украина состави список со книги од руски автори кои се забранети на територијата на земјата, соопшти прес-службата на Управата на Државната фискална служба на Украина.

Државниот комитет за телевизиска и радио дифузија на Украина состави список со книги од руски автори кои се забранети на територијата на земјата, соопшти прес-службата на Управата на Државната фискална служба на Украина.

„Државниот комитет за телевизиска и радио дифузија на Украина утврди список со изданија со „антиукраинска“ ориентација чиј увоз на територијата на Украина е забранет’, се наведува во соопштението што го пренесува весникот „Взгљад”.

Списокот со 38 книги е објавен на сајтот на службата. На него се наоѓаат книги од следниве руски автори: Николај Стариков „Украина. Хаос и револуција – оружје на доларот”, Александар Дугин „Евроазискиот реванш на Русија”, Андреј Фурсов „Студената источна вечер на руската пролет“,  Едуард Лимонов „Киев капут”, Сергеј Доренко „Донбас – Путиновата чадна завеса?”, Сергеј Глазјев „Катастрофа. Од американска до светска војна”, Лав Вершинин „Евромајдан. Кој ја уништи Украина?”, Јуриј Мухин „Масовните кршења на човековите права во текот на граѓанскиот судир во Украина, 2013-2014” и низа други.

Претходно, на 6 јули, Државниот комитет за телевизиска и радио дифузија се обрати до Државната фискална служба со барање во списокот на стоки чиј увоз на територијата на државата е забранет да се вметнат и книги од Руската Федерација.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња