Киев го обвини Рој Џонс по неговата посета на Крим за повреда на границите на земјата

Американскиот боксер Рој Џонс Јуниор, кој беше во посета на Крим, е внесен во базата на податоци како лице кое ја повредило државната граница на Украина, соопшти советникот на министерот за надворешни работи на оваа земја Антон Герашченко.

„Во базата на податоци „Миротворец“ како лице кое ја нарушило државната граница е внесен американскиот боксер Рој Левеста Џонс кој, судејќи според сѐ, за мали пари е повикан на Крим за да се сврти вниманието на американската јавност врз посетата на Владимир Путин на окупираниот Крим“, напиша Герашченко на Фејсбук, а пренесува „Взгљад”.

Рој Џонс Јуниор уште кон крајот на 2013 година изјави дека сака да добие руски пасош.

Во средата, 19 август, претседателот на Русија Владимир Путин во Севастопол разговараше со Рој Џонс и му вети руско државјанство доколку боксерот помине многу време во Русија. држављанства.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња