Извор: Русија испраќа во Палмира околу 100 деминери

Операцијата за деминирање на Палмира ќе трае најмалку неколку месеци, истакна воено-дипломатски извор.

Операцијата за деминирање на Палмира ќе трае најмалку неколку месеци, изјави за ТАСС во вторникот воено-дипломатски извор.

Претходно во вторникот беше соопштено дека првите групи руски деминери веќе заминале за Сирија. Според зборовите на изворот, пред почетокот на операцијата тие заедно со владините сириски сили ќе треба да направат извидување на местото.

„Штом нашите и сириските војници завршат со извидување на местото, веднаш ќе почне деминирање на Палмира. Се претпоставува дека операцијата ќе трае најмалку неколку месеци“, изјави тој.

Изворот потенцираше дека деминерите ќе мораат да работат не само во историскиот дел на градот, туку и во населените делови и приодите до Палмира.

„Тоа ќе биде многу сложена операција“, признава изворот. Притоа тој потсетува дека руските деминери веќе имаат успешно искуство од решавање на таквите задачи на територијата на поранешна Југославија, како и на Северен Кавказ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња