Бжежински: „Демократизација“ на Русија и да се прифати во тројката лидери

Американскиот политиколог Збигњев Бжежински ја одобрува желбата на Трамп за подобрување на односите со Москва и изјави дека ако Вашингтон ѝ помогне на Русија да направи транзиција од комунизам кон демократија, таа ќе стане една од трите водечки земји во светот, заедно со САД и Кина.

Зборувајќи во интервју за американската телевизија Ем-Ес-Ен-Би-Си за подобрување на односите со Русија, поранешниот советник на претседателот на САД за национална безбедност изјави дека тоа е „потполно пожелно“.

„Русија повеќе не е комунистичка држава. Многу е важно да е сфати тоа. Но таа сѐ уште, во суштина, го нема избрано патот на демократијата. Таму како и порано има недефинираност. И многу лутина, вклучително и на нас. Значи, тоа е земја во стадиум на транзиција. И, мислам, ако се однесуваме умно, ние, веројатно, ќе им помогнеме да ја направат таа транзиција и да станат конструктивен, важен член на меѓународната заедница. Да влезат во тројката лидери: САД, Кина и Русија“, ги цитира зборовите на Бжежински РТ на руски.

„Мислам, нашата улога во светот, ако и не е доминантна во едноставна смисла на зборот, сепак е најистакната. Америка е потребна за поширока коалиција која би можела да ги решава глобалните проблеми. И во таа поширока коалиција, се разбира, Америка, Кина  - и Русија која се менува! – можат да играат водечка улога“, додаде Бжежински.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.