Оваа мерка е дел од нацрт-законот, разработен од страна на Министерството за економски развој, соопштува бизнис-весникот Комерсант.
Според мислењето на авторите на документот оваа мерка треба да привлече дополнителни инвестиции и „да формира нови технолошки синџири“ во земјата. Особено преференцијалните услови ќе важат при купување на простории, при даночни олеснувања, кредити со пониски камати и ослободување од плански проверки.
Во Министерството објаснија дека кон средниот бизнис се однесуваат претпријатијата со бројност на персоналот од 101 до 200 лица, а кон малиот - до 100 лица. Граничната вредност на годишната добивка за средните компании е 2 милијарди рубли ($ 31.4 милиони), за малите - 800 милиони рубли ($ 12.5 милиони). „Ова е голем чекор на патот кон подемот на малиот и среден бизнис. Убеден сум дека тоа ќе доведе до претприемачка активност и регистрација на нови компании“, вели професорот од Институтот за бизнис и деловна администрација при Руската академија за народно стопанство и јавна администрација (РАНХиГС) Емиљ Мартиросјан.
„За нас проблемот не е во компаниите со странско потекло, ами во тоа да се одделат условните компании-ќерки на Гаспром [односно подружниците на крупниот бизнис – заб. ред.] од реално малите и средни претпријатија“, изјави за „Руска реч на македонски“ заменик-министерот за економски развој Олег Фомичов на Форумот на БРИКС и СЦО за мал бизнис, кој се одржа во Уфа на 1 и 2 декември.
Министерството за економски развој ѝ го предложи ова на Трговско-индустриската комора (ТПП). Овој дел на бизнисмените работи најтесно со странски партнери.
ТПП го усвои предлогот, иако неволно, „бидејќи претстои многу голем обем работа“, вели за „Руска реч на македонски“ потпретседателот на ТПП Елена Дибова.
Според податоците на Министерството за економски развој во Русија има 103.000 неголеми компании со странско учество:
Така новиот закон ќе се однесува на околу 90.000 компании од последните две категории.
Предлогот на Министерството за економски развој навистина ќе одигра важна улога на макроекономски план за сметка на стимулирањето на инвестициите, посочува аналитичарот од ГК „Финам“ Тимур Нигматулин. „Доколку ги погледнеме показателите за инвестициите во фиксен капитал, тогаш тој се намалува во последните две последователни години. Во 2015 година во споредливи цени во рубли тие опаднале за 8.4%, а за првите девет месеци од 2016 година се намалени за уште 4.3% ", забележува тој.
Според зборовите на Нигматулин главни корисници на планот за помош ќе станат компаниите од земјоделскиот сектор. За првото полугодие на 2016 година растот на бруто домашниот производ (БДП) во секторот беше 1.5% на годишна основа, при пад на реалниот БДП на земјата од 0.9%.
Големите странски бизниси како што е производителот на чоколадата Нестле (Nestle) или продавниците Метро (Metro), водат дијалог со државата, но нивните молби и желби имаат глобален карактер. Такво е мислењето на началникот на управата за операции на рускиот пазар на ИК „Фридом финанс“ Георгиј Вашченко. Пред сè ваквите компании инсистираат на промени во областа на царинската и на даночната администрација. На поддршката од државата, сепак можат да се надеваат и неголеми компании со странски капитал во Далечниот Исток, додава тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче