Бидете и вие дел од Октомвриската револуција

Getty Images
Точно два октомвриски дена биле потребни за Ленин и компанија за да затворат една и да отворат друга земја. Заедно со водичот на „Руска реч на македонски“ ќе поминеме по нивниот пат.

Пред 100 години Руската империја ѝ го отстапи своето место на Советска Русија - земја која во движење беше измислена од страна на луѓе кои се нарекуваат себеси „болшевици“. Епицентар на настаните стана Санкт Петербург, преименуван во 1914 година во Петроград, а протагонист е Владимир Ленин, кој за граѓаните на СССР стана легенда, како што е Че Гевара за Кубанците.

Што може да се направи во жешките точки на руската револуција? Еве 6 идеи.

1. Да се ѕирне во спалната на Ленин

Марина МироноваМарина Миронова

Во музеј-домот број 13, каде во 1894-1895 година, 24-годишниот Ленин изнајмува соба владее спартанска средина: од мебелот - само тесен кревет, леген и бокал за миење, и маса на која идниот лидер на земјата пиел чај со црн леб и ги измислувал пропагандистките пораки до работници од петербуршките фабрики, сонувајќи за една друга Русија. Во оваа мала спална започнува историјата на светската револуција и на најголемиот социјален експеримент на дваесеттиот век - СССР.

2. Да се заземе железничката станица

 Lori/Legion-Media Lori/Legion-Media

Ленин го минува патот од писмените вежби во спалната до подготовката на вооруженото востание во 1917 година за 20 години. На нас ќе ни требаат 10 минути и 4 постојки на метрото.

Еве што веќе сме на плоштадот „Ленин“, во близина на Финската железничка станица. Додека патувате застанете на станицата на Плоштадот на Востанието и погледнете го стрипот од бронзени барелјефи, кој раскажува за настаните од револуционерната година.

Во холот на метрото ќе се сретнете не со занесеникот од собата, ами со шефот на светскиот пролетаријат на заднината на пагански сончев диск и али знамиња: така уметникот го прикажал тајното враќање на Ленин на почетокот на октомври 1917 година од Финска, каде што тој се криел. Ленинската локомотива и до ден денешен стои на платформата во својство на споменик: направена во 1900 година од страна на американска машинска компанија, таа влезе во златниот фонд на митологијата на Советскиот Сојуз.

Споменикот на Ленин-говорникот крај станицата станува канон за илјадници слични статуи низ целиот СССР. Лесно е да се замисли, како откако слегува од локомотивата, почнува да дава команди за итни освојување на Петербург: „Задолжително и по секоја цена да се заземаат телефонот, телеграфите, станиците и мостовите! Успехот на руската и на светската револуции зависи од 2-3 дена борба!“

3. Да се влезе во штабот на револуцијата

Замислете дека вие сте главниот револуционер на земјата и за првпат во историјата картите се наместени така што може да се добие. Треба да се дејствува веднаш, а соработниците одолжуваат, зборуваат за безбедност и ве принудуваат да стоите во конспиративен стан.

Привремената влада, официјалниот орган на управување на империјата до Октомвриската револуција, ви распишала потерница. Покрај тоа, вашиот „таен план“ за востание деновиве е објавен од популарен градски весник, бидејќи вашите партиски опоненти ги предале информациите за него.

При таква ситуација вечерта на 24 октомври 1917 година Ленин, независно од заканата за апсење, оди пеш од Финската станица кон Смољниот институт. Во 1917 година зградата на поранешниот Институт за девојки-благороднички го окупираат револуционерно расположени мажи кои организираат тука алтернативен орган за управување на градот - Советот на работничките и на воените пратеници. Де факто тоа е штаб на револуцијата, во кој таа добива печатен изглед во вид на декрети и укази. Оттука се издаваат наредби за војниците кои поминале на страна на болшевиците. Тука доаѓа Ленин за да даде команда за почеток на востанието.

Прошетајте по Смољни доцна навечер преку Литејниот мост и празната Шпалерна улица. Мисловно запалете огнови и ставете околу нив вооружени морнар и војници. Така изгледал штабот на револуционерите во пресрет на клучните настани. Салите во Смољни можат да бидат разгледани само ако се приклучите на екскурзија. Добро е околу еден месец пред посетата да се направи резервација.

Привремената влада„Откако Николај Втори се одрекува од престолот на власт доаѓаат 'обичните' луѓе. Иако меѓу членовите на Привремената влада фигурираат големите московски индустријалци и петербуршки банкари, овие личности немале програма за акција и биле уште послаби отколку владата на Николај Втори во последните години на неговото царување.Тоа била привремена власт, неопходна за свикување на основачкото собрание, кое требало да го утврди државното уредување на Русија. Но, наместо да се занимава со подготовка на Собранието, Владата се меткала во конфузија, на кои сили да им даде предност: на монархистичките или на левите, социјалистичките. Како резултат на тоа кон есента 1917 година Привремената влада останала без каква било поддршка“.Владимир Иванов, основач на агенцијата за авторски екскурзии во Петербург Smart Walks

4. Да се даде сигнал за почеток на востанието

Getty ImagesGetty Images

На 25 октомври револуционерната инструкција на Ленин е исполнета. Комитетот на болшевиците ги контролира комуникациите - телефонот, телеграфот, поштата, печатниците и редакциите на весниците, и транспортот - станиците и мостовите. На шаховската табла останува само една фигура - Привремената влада, заштитена од слабите одреди пиони ја очекува судбината во Зимската палата, главната зграда на империјална Русија.

Почетокот на освојувањето личи на добро режиран блокбастер. До Благовештенскиот мост зазема позиција воениот крстосувач „Аврора“, кој само со својот изглед влева страв. „Аврора“ дава сигнал со празен истрел. Истовремено со него од Петропавловската тврдина започнува стрелба на парадните сали на Зимската палата.

За да го слушнете ехото на револуцијата во наши денови, испланирајте посета на „Аврора“ напладне. Од 1865 година градските часовници во Петербург се проверуваат со пукање од хаубица од Петропавловската тврдина.

5. Да се заземе Зимскиот дворец

Марина МироноваМарина Миронова

Канонската слика на заземањето на Зимската палата ја има отелотворена режисерот Сергеј Ејзенштејн во 1927 година во филмот „Октомври“: толпа од морнар трчаат низ сосема празниот Дворцов плоштад и стасуваат до царската резиденција. Нивните црни фигури се искачуваат по ажурните решетки на главниот влез и ги обвиваат со револуционерен бран свечените Јордански скали.

Заземањето на Зимската палата„Всушност, заземањето на Зимската палата повеќе наликува на современите антитерористички операции. Во темнината на ноќта групи од морнари и војници со ползење го преминале Дворцовиот плоштад. Прозорците на дворецот се одлични стрелници. Револуционерите не сакале напразно да ги ризикуваат своите животи. Никој не ги напаѓал решетки и свечените скалила. Во парадните сали била сместена привремена воена болница. Напаѓачите знаеле дека владата заседава во личните одаи на императорката, до кои се стигнуваат од посебниот влез на „Нејзиното Височество“ (левиот влез на јужната фасада). Тие непречено влегле оттаму“ .Владимир Иванов, основач на агенцијата за авторски екскурзии низ Петербург Smart Walks

Денес на освојувањето потсетува еден детаљ поради кој вреди меѓу бескрајните сали да се открие скромната Мала трпезарија во која во текот на ноќта на 25 кон 26 октомври се собрале последните преостанати членови на Привремената влада. Тука тие биле опкружени и уапсени од револуционерите кои најавувале промена на власта во земјата.

Овој момент е познат со точност до минута: бронзениот часовник во вид на носорог поставен на каминот престанал да работи и веќе многу години покажува 2 часа и 10 минути - времето кога Руската империја заминала во минатото и започнала друга приказна.

6. Да се купи малку револуција

 Јуриј Молодковец Јуриј Молодковец

Остатоците од советската ера се продаваат на пазарот за стари предмети на Уделната авенија, недалеку од последната нелегалното седиштето на Владимир Ленин. Ако имате среќа, на пазарот може да се најдат интересни артефакти, на пример играта „Еднаш во Петроград“, во која ликовите го повторуваат патот на Ленин до Смољни во форма на потрага. Или симболот на револуцијата, петокраката во вид на декоративен додаток за новогодишната елка. Пазарете се! Продавачите на легенди имаат навика да ги надуваат цените.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња