Како Русите ја слават стара Нова година

13 јануари 2017 Рина Бикова
Во Русија се смета дека јануари е практично изгубен месец за работа и за сериозни активности. Најпрво мнозинството руски граѓани, од најмал до најстар, ја слават Нова година и Божиќ и уживаат во споените новогодишни неработни денови. А, веќе во првата работна недела по сите прослави во Русија се одбележува старата Нова година. И нејзиниот назив за многумина делува како апсурд, но браќата Македонци добро знаат за што станува збор, со оглед на фактот што и тие го прославуваат овој празник. Ова е уште еден од многуте обичаи типични, пред сè, за нашите два народа.
December 31.After making their salads and getting all the food ready, Russians sit down to New Year's dinner by about 10 pm to see out the old year. Later on, they can expect bell chimes, the presidential address, champagne bubbles, and dancing till the morning.
Извор: Lori/Legion Media

Кога во Русија се појавила втората Нова година?

Овој омилен народен празник во Русија се појавил по Октомвриската револуција. Имено, во 1918 година новата советска власт донела одлука да премине на новиот грегоријански календар, наместо јулијанскиот (стариот) календар. Руската православна црква со одлука на Серускиот помесен собор (1917-1918 година) одбила да премине на новиот календар и до денес функционира по стариот (исто како и Македонската православна црква). Преминот на новиот календар е реализиран „со цел да се усогласи пресметувањето на времето во Русија со речиси сите културни народи“ (поголемиот дел од земјите од Западна Европа почнала да го користи грегоријанскиот календар во периодот помеѓу 16 и 18 век). Разликата помеѓу овие два календари е 14 дена и поради тоа Нова година „според стариот календар“ се слави ноќта помеѓу 13 и 14 јануари.

Тајната на популарноста на старата Нова година, од една страна, е во тоа што таа паѓа по Божиќ, за разлика од „обичната“ Нова година која паѓа за време на Божиќниот пост, така што православните христијани кои постат не можат да ја одбележат како што е обичајот. Но, старата Нова година ја сакаат и Русите што не постат. Овој празник им овозможува да го продолжат новогодишното расположение и уште еднаш да се соберат на трпезата со семејството или со пријателите.

Како се одбележувала Нова година пред 1918?

На 14 јануари според новиот календар православната црква го слави свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски, и поради тоа овој ден од дамнина во Русија се нарекува Василиевден (во Македонија познат како Василица), а вечерта наспроти која се совпаѓа со старата Нова година, се нарекува Василиева вечер. Во стара Русија се верувало дека Василиевата вечер и Василица имаат решавачко значење за целата следна година.

Оној што сакал да обезбеди благосостојба во следната година, таа вечер и тој ден строго почитувал определени правила на однесување кои настанале низ вековите, односно ја прославувал Василица со веселба и дарежливо, во најсвечената облека, за потоа, во текот на годината, да нема бедност. На трпезата се изнесувала најдобрата храна која можела да се приготви – пити, месо, палачинки и каша. Се сметало дека задолжително јадења се коливото (чинија со коливо се ставала во агол пред икона) и печено прасе како симбол за плодност. Било обичај на тој ден да се даваат пари на заем, но затоа било добар знак ако некој добие пари.

На Василевата вечер во стара Русија некои се занимавале со гатање зашто преодниот период помеѓу старата и новата година се третирал како најповолно време за нешто вакво. На 14 јануари се организирале коњски трки, на улиците имало многу луѓе, селаните оделе едни кај други на гости и си го честитале празникот. По влезот во колибата гостинот најпрво ќе се помолел пред иконите, а потоа му се обраќал на домаќинот, на домаќинката и на другите членови со зборовите: Ви ја честитам Новата година и новата среќа!

Современа стара Нова година

Многу стари обичаи се зачувани и во современа Русија, но втората Нова година денес се слави поскромно одошто првата (на 31 декември). Сепак, многу Русија подготвуваат празнични трпези, ја прават вообичаената руска салата, го допиваат шампањското што останало од првиот празник и ја гледаат новогодишната програма која на овој ден се репризира.

Меѓутоа, на малкумина им е познато дека Новата година по стариот календар заедно со Русите и со Македонските ја прославуваат, на пример, и жителите на североистокот од Швајцарија во определени кантони во кои се зборува германски. Жителите на кантонот Апенцел во 16 век не ја прифатиле реформата на папата Григориј и сè уште ја празнуваат Новата година ноќта помеѓу 13 и 14 јануари, со тоа што на 13 јануари тие го слават стариот ден на свети Силвестер, кој според преданието во 314 година го совладал страшното чудовиште. Интересно е што Новата година според стариот календар се слави и во Велс, во една мала велшка заедница која во 1752 година одбила да премине на новиот календар. Овој празник тие го нарекуваат Хен Галан – ден на добрососедските односи и на отворените врати.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.