"Не може да им се забрани на луѓето да комуницираат со Русија"

31 октомври 2016 Иван Морозов
Односите на Русија со многу земји од Европа не се ограничуваат само на политички контакти, во последно време сè повеќе се обрнува внимание на воспоставувањето на постојани хуманистички врски, а антируските кампањи ненамерно предизвикуваат широк интерес за Русија во Европа и во светот.
Glebova
Извор: Алина Јаблочкина

Љубов Глебова истакна дека на Грција и на некои други земји од Југоисточна Европа, особено на Србија и на Бугарија, „Россотрудничество“ посветува особено внимание, бидејќи настаните во овие земји се одликуваат со посебен позитивен фон. Во овие земји се забележува вистински ентузијазам кон руската култура и Русија, неизменет интерес кон образованието и учењето на руски јазик, кон воспоставување на партнерски договори помеѓу организации од различен тип и меѓусебни лични контакти, младинска размена, религиозен туризам и други туристички предлози и сл . Овој феномен е целосно разбирливо, бидејќи нашите земји „ги обединуваат дамнешни пријателски врски, заедничка религија и тесни културни контакти. Форумот е потврда за тоа колку е важно во сегашно време да се одржуваат директни врски меѓу луѓето, градовите и регионите кои даваат жива слика за политички процеси што се случуваат во нашите земји“.

Глебова, зборувајќи за приоритетните насоки на активностите на организацијата со која раководи, подвлече дека во целиот свет во моментов има над 6.000 центри за изучување на рускиот јазик и култура. „Россотрудничество“ има задача да ја продолжи и да ја подобри работата на овие центри и нивото на подготовката на професорите, да ја претстави и да ја обезбеди најдобта нова учебна и методска литература: „На луѓето кои не живеат во Русија, им е многу тешко да ги следат драстичните процеси на промени во неа“. Според Глебова претставата на рускојазичните дијаспори за актуелните руски реалности треба да се менува, а нивото на проектите да се зголемува до нивото на нивниот развој во современа Русија. „На човек не треба да му се дава риба, ами јадица за да може сам да си фати риба“, се повика на народната мудрост шефицата на „Россотрудничество“.

Покрај тоа, „Россотрудничество“, според Глебова, систематски создава услови за развојот на меѓународните врски во областа на високото образование и истражувањата, придонесува за приближуавње на научните школи и образовните системи во Русија и партнерските земји. Од 2012 година руските високообразовни институации работат на меѓународна основа: дадена ни е задача да образуваме не помалку од 5% од странските студенти годишно. „Россотрудничество“ им помага на руските високообразовни институции да најдат партнери. „Во врска со тоа во последниве години дојде до промена во корист на зголемувањето на квантитетот и квалитетот на врските меѓу руските универзитети и универзитетите од други земји“, рече Глебова.

Зголемениот интерес за Русија наоѓа одраз и во развојот на врските на државно и регионално ниво со општини, високообразовни институции, училишта, библиотеки, трговски и туристички компании, музеи, претпријатија од малиот и среден бизнис во Русија. „Не може да им се забрани на луѓето да комуницираат“, уверена е шефицата на „Россотрудничество“, за која мисијата на организацијата на чие чело е таа не е да создава врски со Русија во која и да било земја, ами да обезбеди услови за создавање на врски. Токму Руските центри за наука и култура (РЦНК), според неа, придонесуваат за воспоставување на вакви контакти, овозможувајќи директен дијалог и комуникација, обединувајќи ги заинтересираните луѓе.

На прашањето на заменик-главниот уредник на Дирекцијата за меѓународни проекти на „Росијскаја газета“ Вјачеслав Чарски за тоа како „Россотрудничество“ работи во атмосфера на невиден политички притисок во странство врз секакви руски проекти, Љубов Глебова одговори дека обидите за притисок и забрана, напротив, предизвикуваат обратен ефект - интерес за Русија и сè што е руско. Притоа таа истакна дека „Россотрудничество“ се обидува да ја организира работата преку теми, кои ги обединуваат луѓето: „Луѓето и државите имаат право на сопствена гледна точка и ние го почитуваме тоа“.

На крајот на разговорот со новинарите Глебова истакна дека влогот во „живите врски, во продуктивните односи меѓу луѓето со нивните желби, можности и професионални врски“ е опрабдан. Популарноста и ефикасноста на РЦНК и на хуманистичките проекти на „Россотрудничество“ расте. „Колку повеќе ги поддржуваме иницијативите на терен и ги обединуваме луѓето, толку повеќе проекти ќе можеме да реализираме во иднина“, заклучува шефицата на „Россотрудничество“.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.