Новак: Путин и Ердоган дискутираа за реализацијата на „Турски тек“

Русија и Турција се договорија да ја продолжат работата за реализација на „Турски тек“ по формирањето на новата турска влада, соопшти министерот за енергетика на РФ Александар Новак.

Прашањето за реализација на проектот „Турски тек“ беше дискутирано во текот на разговорот меѓу претседателите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган: страните се договорија да ја продолжат работата по прашањето за деталите по формирањето на владата на Турција, изјави за РИА „Новости“ министерот за енергетика на РФ Александар Новак.

„Да, навистина дискутираа за тоа прашање. Се договорија дека веднаш, штом биде назначена владата, ќе продолжиме заедно со министерот за енергетика на Турција, со новиот министер да работиме на прашањето за деталите за реализација на овој проект“, изјави Новак кој учествуваше на средбата меѓу претседателите на двете земји.

Средбата на Путин со Ердоган се одржа во неделата, 15 ноември, на маргините на самитот на Г-20 што се одржува во во Анталија.

Одговарајќи на прашање дали е дискутирано за можни рокови за потпишување на договор меѓу РФ и Турција за „Турски тек“, Новак истакна дека во текот на средбата повеќе се дискутирало за „општи, концептуални работи“.

„Сите разбираат дека за роковите важи колку побрзо, толку подобро“, додаде министерот за енергетика на РФ.

На средбата учествуваше и првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња