Дарежливиот Хрушчов: Крим како подарок

Извор: Владимир Песња / РИА Новости

Извор: Владимир Песња / РИА Новости

Во Москва е отворена изложба која се совпаѓа со 120-годишнината од раѓањето на Никита Хрушчов. На публиката за првпат ѝ се претставени ретки архивски документи кои ја откриваат улогата на советскиот лидер во Кубанската ракетна криза и предавањето на Крим на Украина.

Во изложбениот салон на Рускиот државен архив се прикажани фото, аудио и видеоматеријали посветени на ликот и делото на Никита Хрушчов. Широката публика има можност да се запознае со личните белешки на првиот секретар на ЦК, со документи кои се однесуваат на Кубанската ракетна криза, со обвинителни акти (како против Хрушчов така и потпишани од него) и, се разбира, со указите поврзани со предавањето на Крим на Украина.  

„Времето на владеење на Хрушчов беше карактеристично за Советскиот Сојуз, - раскажува еден од организаторите на изложбата, директорот на Рускиот државен архив за социјална и политичка историја Андреј Сорокин. -Хрушчов предвиде многу од тоа што обично се поврзува со владеењето на Горбачов, вклучително и перестројката. Прашањата кои тој се трудел да ги реши, наоѓајќи се на должноста прв секретар беа одново актуализирани 25 години по неговата оставка, но веќе со принуда“. 

Украинскиот период и предавањето на Крим 

Како одделна голема тема на изложбата стана улогата на Хрушчов во историјата на односите на Русија и Украина. Кариерата на Хрушчов започнува 1938 година токму со раководењето на братската република. Експозицијата подробно го открива целиот спектар на судирот на интересите на СССР и Украинската ССР кои се карактеристични за епохата на Хрушчов: задушувањето на националистичкото движење во Украина, употребата на локалниот државен апарат во внатрепартиската борба и, на крај, предавањето на Крим на Украинската ССР. 

Како Екатерина Велика „го зеде Крим под власт Наша“
Кримски полуостров: како најсеверниот дел на старогрчкиот свет станал најјужен дел од рускиот? Екатерина Велика пред 231 година го припила Крим кон Русија со војна, а во 1954 година Русија го изгубила во мир. Но, затоа, со волјата на народот во 2014 година, си го поврати.

Во официјалниот указ, претставен на изложбата, како основна причина за предавањето на Крим на Украина се јавува „заедничката економија, територијалната близина и тесните стопански и културни врски.“ Во исто време, од други документи се гледа дека Хрушчов се раководел од личен интерес и дека предавањето на Крим бил своевиден „подарок“ за старите другари од раководството на УССР. На изложбата е прикажана и оригиналната верзија на настаните според синот на Хрушчов, кој изјавил дека Крим влегол во составот на Украина поради организациска неопходност - така било поедноставно да се снабдува полуостровот со вода. 

Надворешната политика и зголемувањето на тензијата во биполарниот свет 

Сериозно влијание на изложбата е посветено и на надворешната политика на Хрушчов: „Хрушчов беше првиот советски лидер кој кон надворешната политика се однесуваше како кон општествена дејност, објаснува Андреј Сорокин. –Тој обезбеди пробив во многу правци во оваа сфера. Основната цел на надворешната политика на Хрушчов ја карактеризираат зборовите упатени до Кенеди – 'И СССР е голема држава'“. 

Од експонатите на изложбата може да се проследи како благодарение на Хрушчов се зголемувало влијанието на СССР во земјите на Варшавскиот пакт – телеграми со честитки од лидерите на земјите, заеднички фотографии. Но, другите документи сведочат за сериозни, повремено дури и трагични грешки во политиката на Хрушчов во однос на земјите-сојузнички. Меѓу другото, даден е стенограмот од разговорот на Хрушчов со лидерите на Полска, каде тој се заканува дека „грубо ќе се вмеша“ во работите на земјата доколку тие не ги исполнат неговите барања. Указот за влегувањето на трупите во Унгарија е уште еден чекор кон заострување на односите во биполарниот свет. 


Извор: Владимир Песња / РИА Новости

Решителната и бескомпромисна политика на Хрушчов во земјите од социјалистичкиот кампус довела до најостриот момент во целата историја на односите меѓу СССР и САД – Кубанската ракетна криза. Изложбата дава можност да се почувствува врелината на страстите. Во тајна телеграма на амбасадорот на СССР во Вашингтон се соопштува дека во главниот град на САД по распоредувањето на советските ракети на Куба биле „разработени планови за подготовка и спроведување на итна евакуација на претседателот, владата и најважните министерства на тајна област 300 милји од Вашингтон.“ 

Актуализација на историското наследство 

Политичките одлуки на Никита Хрушчов во сеќавањето на Русите традиционално бледнеат споредени со активностите на култните советски лидери Сталин и Ленин. Во свеста на народот „генсекот-стопанственик“ изгледа како ексцентричен, ограничен и едноставно комичен политичар. За оваа репутација тој им е должник на неколку свои екстравагантни постапки: чевелот со кој демонстрираше на заседанието на Генералното собрание на ООН се претвори во свеста на масите во нешто слично на судско чеканче, а ветувањето дека на целиот свет „ќе му покаже кој е кој“ до денешен ден влегува во списокот на омилени народни афоризми. 

Сепак, последните настани во политичкиот и општествен живот на Русија покажува дека колку и да била карикатурна личноста на Хрушчов, последиците од одлуките што ги донел тој Русија ги чувствува врз себе до ден-денешен. Предавањето на Крим на Украина, инвазијата на трупите во земјите на Варшавскиот пакт, Кубанската ракетна криза – овие пресвртници во историјата се нераскинливо поврзани со современата геополитичка ситуација во светот, а зборовите „И СССР е голема држава“ се римуваат со расположенијата на сегашната руска власт.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња