МНР РФ: Воведувањето нови санкции од САД нема да остане без реакција на Москва

Министерството смета дека одлуката на Вашингтон покажува дека САД направиле избор во полза на засилување на конфронтацијата

Проширувањето на санкциите против руски државјани и компании нема да остане без реакција, изјавија од МНР РФ.

„Препорачуваме да се размисли дека таквите провокативни дејства не само што ги рушат руско-американските односи, туку и не придонесуваат за соработката во решавањето на другите проблеми во светот. Се разбира, таквата линија нема да остане без наша реакција“, истакнаа од министерството. 

Оттаму исто така потенцираа дека одлуката на Вашингтон покажува дека САД направиле избор во полза на засилување на конфронтацијата.

„Воведувајќи нови санкции против руските граѓани и компании, САД уште еднаш покажа дека направиле избор во полза на засилување на конфронтацијата. Продолжувајќи да го објаснува тоа со ситуацијата во Украина, Вашингтон место да го натера Киев на исполнување на Минската спогодба, продолжуваат да ја шират санкциската кампања против Русија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња