Киев најави ново гласање за трибуналот во СБ ООН

Ново разгледување во СБ ООН на резолуцијата за падот на малезискиот „Боинг“ на истокот на Украина ќе се одржи по два месеца по објавувањето на резултатите од истрагата.

Ново разгледување во СБ ООН на резолуцијата за падот на малезискиот „Боинг“ на истокот на Украина ќе се одржи по два месеца по објавувањето на резултатите од истрагата. Ова, како што соопшти „Асошиејтед Прес“, го изјави министерот за надворешни работи на Украина Павел Климкин.

Пет земји кои ги истражуваат околностите за авионската несреќа - Австралија, Белгија, Малезија, Холандија и Украина – ќе се обидат одново да добијат одобрување од Советот за безбедност на ООН  за создавање меѓународен трибунал. „По два месеца ќе имаме конечен одговор, и што ќе каже по два месеца Русија? Ние, несомнено, ќе се обидеме уште еднаш да ја добиеме поддршката на целата меѓународна заедница“, истакна министерот.

Од своја страна, директорот на одделот за политика и комуникација на МНР Украина Алексеј Макеев во програмата на украинскиот „5 канал“ изјави дека работата над создавањето трибунал продолжува, без оглед на ветото на Русија. Според неговите зборови, сега се дефинира формата на трибуналот и тоа „на кој начин ќе биде обезбеден триумфот на правосудството“.

Претходно од МНР Холандија изјавија дека Малезија, Холандија, Австралија, Белгија и Украина размислуваат за основање независен трибунал за истрага на причините за авионската несреќа. „Има уште една варијанта што сега се разгледува – тоа е создавање на суд под закрила на Генералното собрание на ООН“, истакнаа од министерството. Исто така се разгледува и можноста за одржување на сослушувања во националниот суд на една од земјите-иницијатори.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња