Првите суперкомпјутери од руско производство се појавија уште во 2010 година. Нив ги произведуваат федералните нуклеарни центри во Саров и во Снежинск. Тука пред пет години беа создадени неколку модели персонални суперкомпјутери за универзална и за специјална промена.
Генералниот директор на „Росатом“, Сергеј Кириенко, забележа дека компанијата секогаш инвестирала големи средства во разработката на сопствени суперкомпјутери поради неможноста за користење на нивните странски аналози во нуклеарниот сектор. Притоа, станува збор како за софтвер така и за хардвер.
Универзалниот суперкомпјутер е наменет за максимално широк спектар инженерски пресметки и може да се постави директно на работното место на инженерот.
Во составот на компјутерскиот систем влегуваат сервери со оперативна меморија од околу 300 Гб, кластер со 1.248 јадра и 5 Тб оперативна меморија. Работи на системот Linux.
На почетокот суперкомпјутерот беше произведуван за проектирање нови нуклеарни централи и за оптимизација на некои процеси на енергетски блокови што веќе беа во функција. Но, со помош на ваков можен компјутерски центар можат да се прават и други прецизни пресметки. На пример, може да се пресметаат сите параметри на нов цивилен авион, да се создаде негов модел и да се тестира во виртуелен лет, кој апсолутно ќе соодветствува со реалноста. Благодарение на суперкомпјутерските технологии сега повеќе не треба да се прават скапи тестирање на макети и прототипи на какви било најсложени инженерски направи – од најсовремени и високотехолошки згради, кои треба да бидат изградени, на пример, на сеизмички опасни места, до океански платформи за експлоатација и за преработка на нафта. На тој начин пресметките на суперкомпјутерите во голема мера ги намалуваат расходите и роковите за создавање нов производ, Исто така, тие овозможуваат во текот на работата оперативно да се менуваат параметрите и конструкцијата, со цел нејзино усовршување, правејќи ја отпорна на какви било негативни влијанија.
На суперкомпјутерите се следат силни атмосферски влијанија, на пример урагани, торнадо, а, исто така, и содржината и надворешната обвивка на нуклеарната централа.
Во контекст на меѓународното искуство
Сите водечки земји и најголемите корпорации користат суперкомпјутери: прават пресметки за државни и приватни потреби – од патнички авиони до супербродови.
Вакви програми се прават и во земјите во развој. Индија прави суперкомпјутерска програма наречена „National Supercomputing Mission (NSM): Building Capacity and Capability“. Русија, меѓу другото, своевремено мошне заостана во развојот на суперкомпјутери, кои во другите земји се појавија уште во седумдесеттите години од минатиот век. Но, сега оваа разлика се намалува. Суперкомпјутерите од руско производство веќе работат во низа руски индустриски претпријатија. Нив ги купуваат Руските железници, а за нив покажуваат интерес и „Газпром“ и „Транснефт“.
Суперкомпјутерите можат да бидат барани и во странство. „Ние имаме свои програмски платформи што се разработени за претпријатијата од нуклеарно-вооружениот комплекс. Ние сега активно ги користиме овие програми“, забележува генералниот директор на „Росатом“, Сергеј Кириенко.
Нуклеарната државна корпорација од година в година ги усовршува своите суперкомпјутерски технологии. „Уште во 2011 година руските нуклеарци направија и почнаа да користат компјутер од петафлопно ниво (највисоко ниво на моќност во моментов – заб. ред.), а тоа значи влез во светската елита. Не е толку вреден хардверот колку што се уникатните ИТ-проиизводи и графичките програми, кои, на пример, овозможуваат целата моќност да се користи на пресметувачките платформи“, забележува независниот експерт Александар Уваров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче