Росавијација го коментираше извештајот за урнатиот Боинг

Во Росавијација го коментираа нацртот на финалниот извештај за причините за уривањето на малезискиот Боинг на југоистокот од Украина.

Ова го соопшти РИA Новости, повикувајќи се на заменикот Олег Сторчевој. Според него Москва од своја страна подготвува коментари кои ќе ги проследи во Холандија.

„Ние навистина го добивме нацртот на конечниот извештај во врска со истрагата на авионската несреќа на малезискиот Боинг МН17. По неговото разгледување можам да кажам дека во него има повеќе прашања одошто одговори. Тој истакна дека руските експерти имаат бројни суштински забелешки на овој документ, како и на пропратната документација и на техничките средства.

„Во моментов собираме сè и во следните денови ќе ги испратиме материјалите во Холандија. Се надеваме дека нашите дополнувања и коментари ќе се најдат во конечниот извештај. Така ќе одговориме на сите нивни прашања. Нагласувам дека за разгледување на извештајот добивме 60 дена, колку што е предвидено во согласност со правилата на Организацијата за меѓународно цивилно воздухопловство, и како што е наведено во соопштението на Советот за безбедност, само 30 дена“, истакна Сторчевој.

Еден ден претходно Советот за безбедност на Холандија соопшти дека нацртот на конечниот извештај за падот на малезискиот Боинг во Украина е испратен на земјите-учеснички во меѓународната истрага.

Советникот на главниот конструктор на концернот за проектирање и производство на вооружување во сферата на ПВО и на ПРО „Алмаз-Антеј“ Михаил Малишевски на 2 јуни изјави дека падот на малезискиот авион е предизвикано од дејство на противвоздушна ракета.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња