Ќерката на Мајаковски сака руско државјанство

Единствената ќерка на големиот руски поет Владимир Мајаковски, 89-годишната Патрисија Томпсон која живее во САД, сака повторно да го учи рускиот јазик и да довие руско државјанство, соопштува новинската агенција ТАСС.

„На руски зборував до пет години. Секако, и сега паметам некои зборови што ги имам слушано кога бев мала, како што се 'да', 'њет', 'спасиба', 'пажалста', 'перестањ', 'њиљзја'“ вели Томпсон, која е професор по филозофија на Лемановскиот колеџ на Њујоркшкиот универзитет. „Сепак, сакам навистина да се потсетам на рускиот јазик, тоа би ми вратило дел од изгубената внатрешна сушност. Доколку со некого би зборувала постојано на руски, најверојатно повторно би го владеела јазикот“, смета таа.

Во 1925 година Владимир Мајаковски поминал неколку месеци во САД, каде се запознал со мајката на Патрисија, руската емигрантка Елизавета Зиберт. Единствената ќерка на поетот се родила во Њујорк во јуни 1926 година. Патрисија Томпсон сиот свој живот го има минато во САД, но врската со татковината на нејзиниот татко е сѐ уште зачувана. Томпсон успеала да го види поетот само еднаш во Ница кога имала околу две и пол години, но тврди дека таа средба ѝ се врежала во умот за сиот живот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња