Втора светска војна

Големата татковинска војна е онаа што се водела помеѓу Советскиот Сојуз и нацистичка Германија, а која започнала со германската инвазијата врз Русија на 22 јуни 1941, а завршила со капитулацијата на Хитлер на 9 мај 1945 година. Името доаѓа од радиообраќањето на Јосиф Сталин до советскиот народ од 3 јули 1941 година, кога лидерот на СССР ја повикал целата нација да се бори против окупаторот. Надвор од границите на Советскиот Сојуз, Големата татковинска војна е позната како Источен фронт на Втората светска војна. За Русите и за другите жители на поранешниот Советски Сојуз називот Голема татковинска војна сѐ уште се употребува, зашто за нив оваа војна претставува битка за ослободување и за независност на нивната татковина, војна за нивно преживување.

+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.