Руски градови со исти имиња. Дали сте слушнале за нив?

Советск

Советск

Radnatt/Getty Images; Sovasplusha (CC BY-SA)
Русија има 1120 градови. Имињата на некои од нив се повторуваат. Некои дури изгледаат слично иако се многу оддалечени едни со други!

1. Советск

Советск во Калининградската област е вториот град по број на жители во овој регион. Се наоѓа на сливот на реките Тилжа и Неман и се граничи со Литванија.

Советск, Калининградска област

Советск во Кировската област е мал уралски град кој исто така се наоѓа на слив на реки, овој пат на Пижма и Вјатка.

Советск, Кировска област

2. Благовешченск

Благовешченск во Амурската област се наоѓа преку реката од кинескиот град Хеихе, кој може да се види од брегот. Благовешченск е една од последните станици на Транссибирската железничка магистрала.

Благовешченск, Амурска област

И Башкирија има свој Благовешченск. Станува збор за индустриски град кој е создаден во средината на XVIII век до фабрика за преработка на бакар. Се наоѓа недалеку од Уфа, главниот град на регионот.

Благовешченск, Башкирија

3. Кировск

Градовите именувани по револуционерот Сергеј Киров се наоѓаат во Мурманската и Ленинградската област. Во Мурманската област, Кировск лежи во подножјето на планината Хибини зад Северниот поларен круг. Тоа е еден од најпопуларните скијачки центри во земјата.

Кировск, Мурманска област

Кировск во Ленинградската област е сателитски град на Санкт Петербург. Во него се наоѓа меморијален комплекс посветен на одбраната на Ленинград во Втората светска војна.

Кировск, Ленинградска област

4. Приморск

Во малиот град Приморск во Ленинградската област зачувана е протестантската црква „Св. Марија Магдалена“, поранешна лутеранска црква од почетокот на XX век.

Приморск, Ленинградска област

Свој Приморск има и Калининградската област, и тоа е еден од најмалите градови во Русија, но, сепак, со голем број убави куќи и улици.

Приморск, Калининградска област

5. Краснослободск

Името на овој град доаѓа од зборовите „краснаја“ и „слобода“, што значи убава населба. Во Русија два града го носат ова име. Едниот е во Мордовија, познат уште од средината на XVI век (до 1780 година се викал Краснаја Слобода).

Краснослободск, Мордовија

А вториот е во близина на Волгоград. Тоа е неговиот сателитски град на спротивниот брег на реката Волга. Основан во 1870 година, и тој првично се викал Краснаја Слобода.

Краснослободск, Волгоградска област

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња