Неможноста да се резервираат хотели и апартмани преку популарните меѓународни услуги во Русија денес се компензира како со новите руски веб-услуги, така и со сопствените платежни системи достапни во голем број хотели. Покрај тоа, многу од нив функционираат на голем број странски јазици.
Најголемиот хотелски онлајн-сервис е Ostorvok.ru. Тоа е достапна база на речиси сите хотели во Русија, преку која можете да изберете варијанта за секој вкус и секој џеб, да дознаете детални информации за сместувањето и да споредите кои услуги се достапни. Интерфејсот поддржува англиски, германски, француски и многу други јазици. За волја на вистината, резервацијата може да се плати само со картичка од руска банка, но порталот има и партнер - Zenhotels.com, каде што се наоѓа истата база на хотели, а за плаќање се прифаќаат и меѓународните Visa и MasterCard.
Уште еден голем сервис за продажба на авионски билети и резервација на хотелски соби е onetwotrip.com (достапен на англиски, германски и шпански јазик). Исто така, им нуди на корисниците можност да резервираат хотели низ Русија од странство со плаќање со помош на меѓународните Visa и MasterCard.
Во потрага по соодветен хотел, во случај да имате картичка само од руска банка, може да се користат други сервиси, на пример: travel.yandex.ru (само на руски јазик) и anywayanyday.com (на англиски и германски јазик).
Одредени хотели во Москва и Санкт Петербург исто така прифаќаат картички на странски банки онлајн. Тоа се, на пример, популарните меѓу странците хотелот „Арарат Парк Хотел“ (поранешен „Хајат“) и „Карлтон“ (поранешен „Риц-Карлтон“) во Москва или хотелот „Асторија“ во Санкт Петербург, сите со пет ѕвезди.
Додека повеќето од познатите меѓународни хотелски синџири кои работат во Русија, како што се Novatel, Radisson Blu или Hilton, прифаќаат плаќање само со руски картички или даваат можност на лице место да се плати сместувањето во готово.
Приватни апартмани низ Русија може да се изберат на порталот Суточно.ру. Таму се достапни околу 200 илјади огласи за изнајмување соба, стан или куќа на ден. Според правилата, за резервација е потребно да се плати аванс со руска картичка, меѓутоа сервисот дава можност да контактирате со сопствениците и да договорите плаќање на лице место. Интерфејсот е достапен на англиски јазик.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче