Република Татарстан, делницата на автопатот М-12 „Восток“.
Сергеј Елагин/Бизнес Online/TASSГрадот Ногинск се наоѓа на брегот на Кљазма, на само педесет километри од главниот град.
Ногинск, Богојавленскиот храм.
A.Savin, WikipediaОснована е во XIV век, а процут доживува во XIX век, кога овде една по друга почнале да се отвораат мануфактурни работилници за текстил. Денеска на тој период нè потсетува зградата на Новоткацката фабрика, која во арт-нуво стил ја проектирал архитектот Алексеј Кузнецов. Некогаш му припаѓала на фабрикантот Арсениј Морозов.
Знаменитост на овој град е Богојавленскиот во која се наоѓаат моштите на свештеномаченикот Константин Богородски.
Орехово-Зуево, река Кљазма, старите згради на мануфактурните претпријатија.
Anton Karmanov (CC BY 4.0)Овој фабрички град остана познат во историјата како место каде што избувна голем бунт во фабриката на Морозов. Тоа беше најголемиот штрајк во Русија. Во неа учествуваа работниците од Николската текстилната фабрика на Тимофеј Морозов. Фабричките хали кои се наоѓаат долж кејот на реката Кљазма денес се дел од модерен социјален простор уреден за прошетка и релаксација.
Покрај тоа, Орехово-Зуево го посетуваат поклониците на фудбалот, бидејќи се смета дека тука е основан првиот фудбалски клуб во Русија. Патем, тој сè уште постои и сега се нарекува „Знамја труда“ (Знаме на трудот).
Женската гимназија, крај на XIX век.
Viktor Sagaydashin (CC BY 4.0)Ако Тула ви е далеку, тогаш по „Тулски медени колачиња“ можете да одите во Покров. Од Москва е оддалечен само 85 километри. Во тамошната фабрика можете да изберете слатки по ваш избор - со кондензирано млеко, со јаткасти плодови или со ѓумбир во вид на ѓеврек. Изборот е голем: со или без глазура, во вид на птици и животни, со натписи, и секако, со разни филови.
Петушки, водната кула.
A.Savin, WikipediaГрадот што го опеа Венедикт Ерофеев во својата поема. Во него се наоѓа една од осумте хиперболоидни кули на Владимир Шухов. Кулата висока седумдесет метри беше изградена во 1927 година и служеше за полнење на парните локомотиви со вода.
Владимир, Златната капија.
Legion MediaЕден од најважните градови на Златниот прстен, каде што помеѓу древните храмови и зданија изникнаа модерни згради. За неколку часа можете да се вратите во минатото со посета на Златната капија и невообичаено убавите храмови. Во Успенскиот храм се зачувани фрески од Андреј Рубљов, а Дмитриевскиот е украсен со резба на бел камен.
Гус-Хрустални, Музејот на кристалот
Legion MediaВо тукашниот музеј, сместен во храмот „Св. Георгиј“, се наоѓа колекција од кристали од примерната мануфактурна ризница на семејството Маљцови, а има и дела од современи автори. Патем, треба да обрнете внимание и на храмот, каде што се зачувани сликите на Виктор Васнецов.
Муром, Спасо-Преображенски манастир
Alexxx1979 (CC BY-SA 3.0)Тука се наоѓа Спасо-Преображенскиот манастир, еден од најстарите манастири во Русија, основан на преминот од Х во XI век. Оттука е родум епскиот јунак Иљја Муромец. Во селото Карачарово (денес е градска населба) има извор кој, според легендата, се појавил кога коњот на Иљја со копитото удрил во земјата. До изворот е изградена дрвена капела.
Откако ќе уживате во локалната убавина, можете да се освежите со познатиот муромски калач. Велат дека Екатерина II го сакала тоа печиво.
Арзамас, поглед од Воскресенскиот храм.
Legion MediaГолемиот Воскресенски храм е една од главните знаменитости на градот. Храмот бил граден неполни триесет години. Сè во него изгледа некако познато, што воопшто не е изненадувачки со оглед на тоа што е проектиран од архитектот Михаил Коринфски, а насликан од Николај Алексеев. Првиот бил ученик на Андреј Воронихин, човекот кој го проектирал Казанскиот храм во Санкт Петербург, а вториот го насликал Исакиевскиот храм, исто така во Санкт Петербург.
Градот Перевоз, брзаци на реката Пјани.
Gatinskiy IlyaНаселбата на реката Пјани е позната уште од XVI век. Името го добила по скелето со кое трговците ја преминувале реката. Населбата долго време се викала Пјански Перевоз, а сегашното име го добила во 1962 година.
Тука нема многу знаменитости. Една од нив се брзаците на реката Пјани. Во градот коритото ѝ е исправено, но во близина на мостот на влезот во градот има делница со многу брзаци, која љубителите на водниот туризам со задоволство ја посетуваат.
Бутурлино. Црквата „Св. Сергиј Радонешки“
Евгениј КравченкоПорано Иван Грозни му ја дал оваа територија на војводата Фјодор Бутурлин како награда за неговото учество во походот на Казан.
Една од познатите локални архитектонски знаменитости е црквата „Св. Сергиј Радонешки“ од средината на XIX век. Во храмот немало греење, па пред револуцијата овде богослужбите се вршеле само во топлите месеци, а во зима богослужбите се одржувале во трпезаријата.
Сергач, Нижегородска област
Дмитриј Сазанов (CC BY 4.0)Во локалниот роднокраен музеј посетителот може да се запознае со „мечкарскиот занает“ што го практикувал локалното население. Тие толку добро дресирале мечки што биле познати дури и во Франција и Германија.
Бисер на архитектурата е зградата на железничката станица, изградена според проектот на Алексеј Шчусев во стилот на ампир.
Шумерља, железничката станица.
CeeGee (CC BY 4.0)Железничката станица во ова место е изградена во 1916 година според типскиот проект на Алексеј Шчусев. Во соседството е водната кула, една од најстарите градски градби.
Чувашија. Делница на пругата Вурнари-Канаш
Dmitriy_M (CC BY 4.0)Малата црква „Св. Георгиј“ е изградена кон крајот на 1990-тите. Пред почетокот на изградбата на ова место била пронајдена икона на Пресвета Богородица, која денес се чува во храмот.
Ибресинскиот етнографски музеј
Ибресински општински округ на Чувашката РепубликаВо тукашниот етнографски музеј на отворено можете да видите традиционални чувашки градби, селски куќи, воденица и амбар. Истовремено, посетителот може да се запознае со декоративната и применетата уметност, народните носии и накитот.
Канаш. Храм „Св. Николај“
Legion MediaДрвениот храм на Свети Никола во Канаш е изграден 1901 година. Богослужби се вршеле дури и во советско време, а во 1987 година наместо дрвен бил изграден храм од камен. Интересно е што храмот има камбанарија со четири нивоа.
Шали, џамијата.
Даша Самојлова/ИндеВо ова село се наоѓа една од најстарите џамии во Татарстан. Ја изградиле мештаните кон крајот на XIX век. А во џамијата „Захир“ се наоѓа музејот на Куранот, каде се претставени книги, молитвеници и ракописи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче