Хотел „Национал“, 1904.
Public domainХотелот е изграден во 1903 година и веднаш стана омилено место за членовите на високото општество. Во него престојуваа балерината Ана Павлова, композиторот Николај Римски-Корсаков, писателите Херберт Велс и Иван Бунин, пејачот Фјодор Шаљапин и други познати личности.
Екскурзија по хотелот „Национал“
Кирил Зиков/Агенција „Москва“Покрај надворешната убавина и луксузниот ентериер во стилот на арт нуво (Art nouveau), хотелот имаше уште една важна предност - беше одлично опремен за своето време. Зградата имаше лифтови, а секоја соба имаше своја бања, па дури и телефон.
Екскурзија по хотелот „Национал“
Кирил Зиков/Агенција „Москва“По Октомвриската револуција во 1918 година, во хотелот „Национал“ беше сместена советската влада. На пример, Ленин, неговата сестра и Надежда Крупскаја живееја во соба 107. А Александра Колонтај го избра „салонот на Луј XV“, т.е. собата бр. 115, кој во тоа време беше една од најлуксузните во хотелот. Денес тоа е претседателски апартман.
Ресторанот во хотелот „Национал“
Александр Зеликов/TASSКога високите советски функционери се преселија во Кремљ, во хотелот беа сместени пониските службеници. Дури во 1930-тите „Национал“ повторно стана хотел. Дел од мебелот во хотелот е пренесен од дворецот во Царско Село и Аничковиот дворец.
Хотел „Национал“
Ludvig14 (CC BY-SA 3.0)Денес, најниската цена за ноќевање во класична двокреветна соба е 15000 рубли (165 долари) доколку резервацијата се изврши однапред. Просечната цена за ноќевање во претседателскиот апартман е 180000 рубљи (1980 долари).
Москва, хотел „Метропол“ (поглед од правец на фонтаната кај театарот „Бољшој“-. Разгледница од средината на 1900-тите.
Public domainХотелот започна со работа во 1905 година. Првично беше проектиран како „театар со хотел“, но таа идеја набрзо стана само „хотел со ресторан“. Додуша, уметноста и понатаму е присутна во „Метропол“, бидејќи фасадите и ентериерот се дело на најдобрите сликари на нивното време: Михаил Врубељ, Константин Коровин, Василиј Поленов и Александар Головин.
Атриумот (ресторанската сала) на хотелот „Метропол“ во Москва.
А. СавинИ во „Метропол“ во 1918 година се вселија советските функционери. Тука живееја Николај Бухарин, Јаков Свердлов и Георгиј Чичерин, како и интелигенцијата која успеала да најде работа во државните органи, како поетот Осип Мандељштам, поетот и драматург Анатолиј Мариенгоф и други. Поетите-имажинисти овде ја отвораа својата книжевна кафеана „Калоша“ и таму често се собираа и одмараа. Најпознатиот имажинист Сергеј Есенин често доаѓаше овде да ги посети пријателите и да вечера во ресторанот.
Една од собите во хотелот „Метропол“
Александар Зеликов/TASSДури на почетокот на 1930-тите години хотелот „Метропол“ си го врати статусот. Тука престојуваа актерките Марлен Дитрих и Клаудија Кардинале, писателите Бернард Шо и Џон Стајнбек, режисерот Марчело Мастројани, како и композиторот Сергеј Прокофјев и писателите Александар Куприн и Александар Вертински, кои се вратија од емиграција.
Москва, хотел „Метропол“
Andrey Korzun (CC BY-SA 4.0)Цените за ноќевање се движат од 25000 рубли (264 долари) до 170000 рубли (1870 долари).
Последната станица на трамвајот што го влечеа коњи кај хотелот „Европа“ во улицата „Михајловскаја“
Public domainХотелот, изграден во 1875 година, беше на нивото на најдобрите европски хотели. Имал услуга превоз за своите гости, фризерски салон, чевлар, кројач, бакалница, подруми со вино, па дури и тим од преведувачи!
Гранд хотел „Европа“ во Санкт Петербург
Wolfgang Moroder (CC BY-SA 3.0)Списокот со гости на овој хотел е импресивен:
Композитори:
писатели:
И актерката Фаина Раневскаја, шведскиот крал Густав V, пејачот и диригент Пласидо Доминго…
Гранд хотел „Европа“ во Санкт Петербург
Wolfgang Moroder (CC BY-SA 3.0)На историскиот прв кат од хотелот има апартмани именувани по Достоевски, Стравински и Павароти. На последниот има пијано, на кое пејачот свиреше за време на турнејата во 2004 година. А, собата „Фаберже“ е посветена само на делата на познатиот златар - тој не престојувал во хотелот.
Поглед од Невскиот проспект на хотелот „Европа“ во Санкт Петербург.
Florstein (CC BY-SA 3.0)Најниската цена за ваков луксузен историски апартман е 83000 рубли (916 долари) за ноќ. Ноќевање во најевтините соби во хотелот чини 14000 рубли (155 долари).
Хотелите „Англетер“ и „Асторија“, Санкт Петербург
Public domainХотелот со поглед на Исакиевскиот храм е изграден во 1912 година во центарот на Петербург. Интересно е што во неговата изградба учествуваа девојките кои дипломираа на првиот женски Технички универзитет во Русија.
Ресторан „Зимска градина“, хотел „Асторија“, Санкт Петербург
Legion MediaОсвен што беше место за средба на познати гости, хотелот служеше и како филмски сет, место на кое се снимија многу филмови. Хотелот може да се види во филмовите „Авантурите на Италијанците во Русија“ и „Мелодија на белата ноќ“. Се споменува и во романот на Михаил Булгаков „Мајсторот и Маргарита“, а и самиот автор некогаш беше гостин на хотелот - најмногу му се допаѓаше третиот кат. Меѓу познатите гости на хотелот беа и Александар Вертински, Сергеј Дјагилев, Максим Горки, Херберт Велс и Григориј Распутин.
Ноќевање во најевтината соба во хотелот чини 22000 рубли (242 долари), а најскапата соба со поглед на театарот „Мариински“ може да се резервира за 87000 рубли (957 долари).
Хотел „Англетер“
Public domainОвој хотел од XIX век стана неверојатно познат првенствено поради смртта на поетот Сергеј Есенин, кој во декември 1925 година се обеси во собата број 5. Многумина сè уште дебатираат дали поетот навистина се самоубил или бил убиен. Кон крајот на 1980-тите, „Англетер“ беше урнат и повторно изграден бидејќи зградата беше во лоша состојба, но историскиот изглед на фасадата беше зачуван.
Хотелот беше популарен и пред трагичниот настан во 1925 година. Во него престојуваа писателите Антон Чехов и Александар Куприн, поетите Андреј Бели и Осип Мендељштам, како и танчерката Изадора Данкан, која беше една од сопругите на Есенин.
Хотел „Англетер“, Исакиевски плоштад, Санкт Петербург
T3ru (CC BY-SA 4.0)Едно ноќевање во стандардна соба чини 13000 рубли (143 долари), а ноќевање во апартман со поглед на Исакиевскиот храм чини 66000 рубли (728 долари).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче