И покрај оваа инспиративна бројка, одредени аспекти на е-визите остануваат предизвикувачки. Очигледно, на некои апликанти им е тешко разбирлив формуларот на апликацијата. Згора на тоа, еден туристички агент тврди дека на седум од единаесет туристи им се враќаат апликациите на корекција.
Направивме исцрпен водич за апликацијата со снимки на екранот на сите прашања на кои подносителот на барањето ќе мора да одговори. Сепак, навистина не е толку лесно да се пополни самиот формулар. Треба многу време, бидејќи има многу прашања, од кои некои би можеле да изгледаат чудно. На пример, ќе морате да одговорите дали имате „посебно знаење и вештини во употреба на оружје, експлозив, нуклеарно, биолошко или хемиско оружје“ и да ја наведете секоја земја што сте ја посетиле во последните три години. Претседателот на Рускиот синдикат на патничката индустрија дури оцени дека руската е-виза има речиси двојно повеќе прашања во однос на другите земји.
Некои од апликантите тврдат и дека имале проблеми со фотографијата: „Се откажав откако испратив 8 различни фотографии направени во текот на два дена. Системот ги одби сите како „матни“ (предна камера на мобилен телефон од висока класа), „снимени премногу блиску“ (но исечена во правилен сооднос 1:0,77), „премногу жива позадина“ (сликано пред бела позадина), уште една снимена пред бела врата (отсјај и сенки) и скенирана „биометриска“ фотографија од кабина за фотографирање!“
Сепак, 120 илјади луѓе наводно успешно ја завршиле апликацијата. Следете ги сите правила за аплицирање и внимателно прочитајте ги условите!
Официјално, е-визата може да биде одбиена поради неусогласеност во формуларот за апликација. Исто така, одлуката може да биде негативна од очигледни причини, како што се забрана за влез, незаконско однесување при претходни посети, неплатени такси и казни во Русија или земјата на апликантот е во војна или во пандемија.
Според еден од претседателите на Рускиот синдикат на патничката индустрија, на седум од единаесет апликанти им е одбиена визата. Сепак, важно е да се напомене дека некои од нив биле одбиени поради мали грешки во формуларот за апликација и, по корекцијата, нивната апликација треба да биде одобрена. Проблемот со корекцијата е што сервисот на апликацијата не ги истакнува грешките и можете само да погодувате што е тоа што треба да се поправи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче