Токму на ова место, недалеку од населбата Морское (и градот Зеленоградск), се наоѓа една од највисоките дини во Европа - Ореховаја. Се протега 2,4 километри по должината на заливот, а денес тука минува еколошка патека со голем број видиковци.
Многу туристи на дината се обидуваат да го забекежат ефектот на „песокот што пее“, кога поради ветерот зрнцата песок се тријат едни со други и произведуваат различни звуци.
Највисоката точка на дината (62 метри) се нарекува Ефа во чест на научникот и експерт за дини Вилхелм Франц Ефа (1828-1904). Повеќе од 40 години работеше на Куршскиот провлак. Тогаш оваа територија била дел од Источна Прусија.
На почетокот на XIX век, поради сечењето на шумите, дините почнале да се движат и брзо да освојуваат сé што ќе им се најде на патот, проголтувајќи ги околните населби. Корените на дрвјата повеќе не го држеле песокот на своето место. За да се запре движењето на песокот, било потребно повторно да се засадат дрвја.
Ефа смислил успешен метод за задржување на дините на своето место и дури на почетокот на ХХ век било запрено ширењето на песокот.
Процесот на зацврстување на песокот продолжува и денеска. Освен тоа, туристите можат да се движат само по еколошките патеки, но им е забрането да газат по дините.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче