15 неочекувани факти за Русија

Russia Beyond (Photo: Илья Наймушин/Sputnik; Григорий Сысоев/Sputnik; LesDaMore/Getty Images; Miguel Guasch / 500px/Getty Images; Public Domain)
Најчудните, најсмешните и сосем неочекувани факти за најголемата земја на светот.

1. Сушито во Русија е попопуларно отколку во Јапонија

Во 1990-тите, кога ова јадење се сметаше за егзотика, неговата популарност значително се зголеми во Русија. Но, колку јадењето стануваше попопуларно, толку стануваше подостапно. Денес е дел од секојдневието и дел од брзата храна. Вистина, поради пристапноста, руското суши е многу поразлично од јапонската класика.

2. Во Русија се наоѓа еден од најстарите населени градови на планетата

Тоа е Дербент во Дагестан. Според некои податоци, овде луѓето живееле уште пред 5000 години. Во старо време градот бил тврдина, наречен Касписка порта. Во него живееле претежно Персијци, кои го бранеле Каспискиот премин од другите народи.

3. Московскиот Кремљ е најголемата средновековна тврдина во Европа

Неговата површина е 277 метри квадратни, а ѕидините се долги преку 2 километри! На толку голема површина има архитектонски споменици од XIV-XX век: цркви, оружарница од времето на Петар I, Големиот кремљовски дворец и Сенатскиот дворец, во кој се наоѓа кабинетот на претседателот на Русија.

4. Најстарата планина на светот се наоѓа на територијата на Русија

Тоа е планината Карандаш, стара дури 4,2 милијарди година. Ја сочинуваат камења кои во далечното минато биле дел од обвивката на Земјиното јадро, а по придвижувањето на тектонските плочи течните карпи се излеале надвор и формирале планина. Таа е дел од Уралските планини и се наоѓа во Чељабинската област.

5. Русија е богата со необични споменици

Споменик на топеното сирење „Дружба“ во Москва

Во Русија е популарно поставувањето споменици. Во земјата ги има дури 172 илјади! Некои од нив се многу необични. На пример, во Ставрополскиот крај има споменик на медицинска клизма, а во Москва споменик на топеното сирење.

6. Русија има преку 1100 градови, но само 15 од нив имаат преку еден милион жители

Москва

Само во Москва во 2023 година живееле преку 13 милиони луѓе (со Подмосковје – околу 20 милиони). Тоа е најбројниот град во земјата. Повеќето од преостанатите големи градови се наоѓаат во западниот дел на земјата.

7. Во Русија постои еден од најнеобичните спортови – хеликоптерски голф

Суштината на играта е во следново: играчот во хеликоптер треба со помош на стап долг четири метри да ја удри топлата со пречник од еден метар и да ја испрати во назначената зона. Првиот шампионат во овој спорт е одржан во 2013 година.

8. Најдолгата железничка пруга на светот се наоѓа во Русија

Тоа е Транссибирската железничка магистрала. Долга е 9298 километри и поминува низ 8 временски зони. Магистралата поминува низ 87 градови и преку 16 реки. Непрекинато патување со воз од почетокот до крајот на оваа пруга трае 6-7 дена!

9. Поголемиот дел од Русија е ненаселен

Реката Енисеј, тајга во Краснојарскиот крај

Преку 50% од територијата ја сочинуваат непроодна тајга и териториите на Крајниот Север. Затоа огромното мнозинство жители живее во западниот и југозападниот дел на земјата.

10. На грбот на Чељабинск е прикажана камила, иако во овој крај никогаш ги немало

Градот, имено, бил изграден на Големиот пат на свилата, а во тоа време најдобро превозно средство за овој пат биле камилите.  

11. Топлиот Сочи се наоѓа посеверно од Владивосток

Сочи

Едно од најпопуларните јужни летувалишта Сочи се наоѓа посеверно од најисточниот град на Русија – Владивосток. Но, разликата е многу мала: двата града се наоѓаат на 43 напоредник.

12. На територијата на Русија се наоѓа најстариот активен вулкан

Тоа е Кључевскиот вулкан на полуостровот Камчатка. Стар е преку 7000 години. Се смета дека тоа е еден од најактивните вулкани на светот. Во текот на последните сто години Кључевскиот вулкан еруптираше преку 30 пати.

13. Површината на Суздаљ е само 15 квадратни километри

Но, на неговата територија има 53 православни храмови. Најстариот храм во градот е Рождественската црква (црквата „Раѓање на Пресвета  Богородица), изградена во XII век.

14. Во Русија шахот како спорт некогаш беше попопуларен од фудбалот

Шахот пристигнал во Русија од Исток уште во VII-IX век. Во XVIII век Петар I успеал да го популаризира меѓу аристократите. Обичните граѓани, откако дознале за новата забава на владетелот, исто така се заинтересирале за новата игра. Така шахот се раширил низ цела Русија. Фудбалот, пак, вистински се појави во Русија дури два века подоцна. За време на Советскиот Сојуз во земјата постоеше вистински култ на шахот. Шахистите беа дури и првите спортисти на кои Сталин во 1930-тите им дозволи да учествуваат на меѓународни турнири.

15. Екатеринбург е запишан во Гинисовата книга на рекорди како град со најголема потрошувачка на мајонез по глава на жител

Решавачка улога за ова одигра една од најголемите фабрики за мајонез во Русија, сместена во близина на Екатеринбург. Со оглед на тоа што овој сос практично им беше достапен на сите жители на градот, мајонезот стана редовен гостин на нивната трпеза.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња