Зошто туристите прават пирамиди од камења?

Ако одите на планина, дефинитивно ќе ги забележите ритчињата од камен наречени „гуриј“ или „тур“. Туристите ги прават и оставаат „за спомен“. Од каде потекнува овој обичај?

На брегот на реката Катуњ, Онгудајски реон, Алтај

Во минатото луѓето ширум светот правеле вакви пирамиди за полесна ориентација. Така, на пример, големите пирамиди укажувале на могили или долмени. Гуриите поставени во правилни интервали можеле да го покажуваат правецот на движење. А гуриите на врвот на планина ја означувале највисоката точка.

Бурјатите и Тувинците имаат слични градби наречени „обо“ и кои исто така се наоѓаат покрај патишта и планински патеки. На нив може да се видат и лентички. Ги поставуваат како знак на почит кон локалните духови.

Современите туристи кои го сакаат планинарењето ги ставаат да ја обележат рутата за да не се изгубат и да остават информации за следните групи.

Меѓутоа, има и туристи кои прават пирамиди едноставно по инерција. Да речеме, нешто како натписот „Тука беше Вања“, само од камен.

Пирамида на патот кон Териберка, Мурманска област

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња