Дали е изводливо да се искапете во Северниот леден океан?

Алексеј Жирухин; Александар Јеликов; Ксенија Чеснокова
Да, доколку сте храбри и прекалени. Дури и налето температурата на водата не преминува +5 степени Целзиусови.

Тури на север

Многу туристички компании што организираат патувања на север во својата програма вклучуваат и капење во Северниот леден океан. Од сите места каде што можете да згазнете во студената океанска вода во европскиот дел на Русија најблиска е Мурманската област. Тука, на брегот на Баренцовото Моте, на Кoлскиот полуостров, се наоѓа селото Териберка, исклучително популарно кај туристите. Ова е единственото место на брегот на Баренцовото Море до кое можете да стасате со кола.

Травел-блогерот Ксенија Чеснокова во 2019 година со децата ја посетила Териберка. „Не планиравме да се капеме, не сакам студена вода, и воопшто не сакам да пливам. Но, децата се прилично прекалени и подготвени да влезат во која било вода. Времето беше ужасно: ветар, сивило.. Стоев на брегот обвиена во две јакни, а беше 26 август! Се кладев со нив дека нема да влезат во вода до рамена“, вели Ксенија.

Ќерката на Ксенија Алиса вака го опишува капењето: „Брзо влегов и речиси веднаш излегов од водата, така што немав време нешто да почувствувам. Но, страшно е ладно, стапалата веднаш ти се вкочануваат“. Ниту синот на Ксенија Гриша по првите впечатоци веќе нема желба повторно да се капе: „Кога ќе влезете во водата не може да се опише колку е студено. Потоа се навикнувате, но јас таму повеќе не би се капел“.

Безбедност

Алексеј Жирухин, кој исто така води блог за патувања, имал можност во 2020 година да се искапе во Баренцовото Море во Северниот леден океан.

„Стасавме на најсеверната точка од европскиот дел на Русија, на Немецкиот ‘рт во Мурманската област. Беше лето, температурата надвор беше +20 степени Целзиусови, а во водата само +5. Но, кај мене нема сакам – не сакам. Ако веќе сум дошол поради водата – влегувам и се капам. Влегувањето беше многу тешко, грч ги фаќа мускилите, ти застанува здивот... А, потоа се лизнав на камен и се најдов под вода, така што немав време да се премислам. По капењето чувствувате огромен прилив на енергија“, вели Алексеј.

Купење по трагите на мразокршач

Александар Еликов е арктички водич и инструктор. Има поставено десетина светски рекорди во Заполарје и води популарен блог на Инстаграм. Александар е вистински „морж“ кој се кали преку целата година.

Патував со кола од Мурманск до Чукотка по Северниот морски пат и секаде одев по брегот. Највпечатливо беше капењето кај ‘ртот Чељускин, на најсеверната континентална точка на Евроазија. Тоа беше во 2013 година и ние сме првите туристи коишто таму стасале со кола. На лице место сите, целата екипа, решивме да се искапеме. Најдовме дупка во мразот, ги исчистивме остатоците од скршен мраз, поставивме греда преку неа за да имаме за што да се држиме и еден по еден сите нурнавме“, раскажува Александар.

Љубителот на екстремни патувања имал можност и да плива во канал од мразокршач. „Долго сонував за тоа, и често имам гледано мразокршачи на Арктикот, но немало прилика се избањам. А, потоа, една зима се собра цела дружина 'моржови'. Веднаш по пронаоѓањето мразокршач си направивме местенце за капење во бразда што тој ја имаше оставено зад себе. Во неговата трага имаше каша од мраз и снег. Еден дел брзо го расчистивме и нурнавме во водата, додека мразокршачот полека се оддалечуваше“, вели тој.

„Кога влегувате во вода возбудата е толкава што ви застанува здивот. Најважна е решителноста. А, тогаш доаѓа нагол прилив на топлина, на енергија. Најдоброто чувство не е кога влегувате во водата, но кога излегувате од неа. Тоа е еуфорија, адреналин, тоа е лудило од емоции. Кога ви е познато тоа чувство нормално е да посакате да се искапете и на други најпознати места. Но, морате да имате предвид дека временските пригоди на Арктикот се мошне сурови. Дури и кога не е многу студено, ветрот е морничав. Кога ќе излезете од водата, не само што смрзнувате, но буквално се прекривате со мраз и можете во истиот момент да добиете измрзнатини. Поради тоа морав да го одлагам капењето“, објаснува Александар.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња