Капелата се гледа оддалеку. Имено, под крстот се наоѓа лампата на светилникот, а во вдлабнатините се осветлени осум икони.
Во неа не се одржува богослужба, но на понтонот се закотвуваат бротчиња и чамци со технички персонал. Капелата ја посетуваат и туристи.
Капелата е изградена на иницијатива на една локална бродска компанија, а ја освети патријархот Кирил во име на свети Никола Чудотворец, заштитникот на морнарите.
Местото каде што се спојуваат двете големи реки се смета за свето и патниците имаат обичај да се измијат со водата на Об и Иртиш. Капелата може да се види само лете, бидејќи зиме се трга во речниот залив.
Најблискиот град до устието на Об и Иртиш е Ханти-Мансијск, оддалечен околу 20 километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче