Калининградската област се наоѓа во сендвич меѓу Полска и Литванија долж балтичкиот брег. Калининград, порано познат како Кенигсберг, некогаш беше културен и административен центар на Прусија, а подоцна и на Германското царство.
„Кафкијанска метафора“. Черњаховск, Калининградска област. 2013.
Борис РегистерНа крајот на Втората светска војна во 1945 година градот беше интегриран во Советскиот Сојуз и го доби името Калининград.
Знаменск, Калининградска област. 2011.
Борис РегистерФотографот Борис Регистер се пресели во Калиниград од Узбекистанската Советска Република, заедно со многу други етнички Руси кои поитаа во својата земја на потекло по распадот на СССР во 1991 година.
Јасное, Калининградска област. 2019.
Борис РегистерИстата таа 1991 година фотографот почна да ја документира трансформацијата на Калининград и неговата околина, неговите луѓе и начинот на кој тие го апсорбираа и одржуваа пруското и германското наследство на регионот. Тоа беше пресвртница во креативниот живот на фотографот, која го инспирираше на проектот наречен „Елипса на времето“.
„Метаморфоза“ (до Бизмарковата куле). Черњаховск, Калининградска област. 2016.
Борис РегистерВо рамките на проектот Борис Регистер настојува да прикаже како ова историско подрачје, одвоено од Русија, се менувало под влијание на рускиот јазик, култура и луѓето, кои му го дадоа новиот идентитет.
„Икар“, Гвардејск, Калининградска област. 1991.
Борис РегистерБорис Регистер ја објаснува идејата на проектот вака: „[Минатото време] го памети тропотот на копитата на витешките коњи по плочникот и ѕвонењето на првото ѕвоно на старата црква. Дојде ново време, нова личност, која го засени ова минато, заменувајќи го со свои пароли, јазик, култура и традиција.
Мисовка, Калининградска област. 2018.
Борис РегистерФотографот анализира како новите жители коегзистираат со остатоците на поранешната култура.
„Секој ден, вклучително и денешниот, го прави минатото. Едноставно не се обѕрнуваме и не гледаме дека уште еден ден заминал во историјата“, изјави еднаш Борис Регистер.
Поречје, Калининградска област. 2000.
Борис РегистерЖителите на Калининград и неговата околина се главните актери на неговите фотографии. Некои од сликите предизвикуваат необјаснива тага, додека други даваат надеж и зрачат со среќа.
„Јас сум птица“. Гвардејск, Калининградска област. 2007.
Борис РегистерБорис Регистер во 2016 година стана еден од добитниците на наградата за фотографија „Алфред Фрид“.
„Фудбал“. Чехово, Калининградска област. 2017.
Борис РегистерВака жирито ја опиша неговата фотографија:
„Борис Регистер, роден 1963 година во Ташкент, Узбекистанската Советска Република, е еден од руските документарни фотографи кој работи во тишина. Со суровата поезија на секојдневниот живот. Живот кој не носи ништо сензационално. И ништо помпезно. Тој е со луѓето кои генерално се нарекуваат „обични луѓе“. Тој ја почитува незабележителноста на луѓето кои живеат на периферијата. Рускиот Далечен Запад: Калининград. Некогашни борби за територија, воени зони, зони на катастрофа, места од кои луѓето се протерани и кое е освоено. Сега е периферија, но сè уште оптоварена со историја. А сега: мало село, игралиште, прибежиште за стари лица. Провинциски мир. Мир на патеката по должината на поле која води в шума“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче