Два града на реката Об кои не можат да живеат еден без друг

Павел Кузмичев
Жителите на Салехард и Лабитнанги постојано си одат едни на други на гости и на работа. Во Салехард има аеродром, а во Лабитнанги железничка станица. Овие градови се наоѓаат на спротивните брегови на реката Об и се чини дека се многу блиску. Меѓутоа, за локалните жители преминувањето на реката понекогаш е вистинска авантура, бидејќи нема мост.

Иако Об не е широка река, само неколку километри, поради сложените климатски услови и вечниот мраз, изградбата на мост на ова место би била прескапа. Проектот за Салехардски мост постои повеќе од педесет години, но сé уште не е реализиран.

Лете реката се преминува со траекти, а најтешко станува доцна напролет и на почетокот на есента. Во тие преодни сезони по реката обично пловат ховеркрафти. Но, човек тешко може да носи многу работи на траект или ховеркрафт. Затоа луѓето со нетрпение чекаат да замрзне реката.

Така што најдобро време за жителите на овие градови, колку и да звучи чудно, е зимата. Се разбира, често е студено и до минус 40 степени, но затоа има вистински зимски патишта преку мразот кои им овозможуваат на жителите слободно да се движат и да ја вршат својата работа. Вообичаено, на патните служби им требаат две до три недели од формирањето на ледената кора на реката за да ги подготват зимските патишта. Мразот на патот мора да биде доволно дебел за автомобилите безбедно да се движат по него.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња