Карпата Парус во вид на едро е главниот симбол на рускиот град Геленџик на Црното Море

Legion Media
Геленџик во Краснодарскиот крај е едно од најпосетените туристички места во Русија. А карпата Парус е неговиот препознатлив симбол. Се наоѓа меѓу борови шуми и каменеста плажа.

Името Парус, што значи „едро“, го добиле поради необичната форма. Висока е 30 метри, а во исто време прилично тенка (околу еден метар) и најголемиот дел се протега во морето.

Но, нејзината главна тајна е кружниот отвор на околу 2 метри над водата. Туристите можат да ја слушнат легендата според која отворот настанал од топовско ѓуле за време на Кавкаската војна (1817-1864). Додека научниците сепак се држат до толкувањето според кое се работи за природен феномен.

Имено, некогаш карпата Парус била дел од голем планински масив кој се распаднал поради сеизмичка активност, а останатиот негов дел го добил таквиот необичен облик благодарение на силните ветрови што дуваат овде.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња